Веројатно мислите дека токму фазата во која сте вие сега е онаа која е најтежок период во родителството, а можеби сте чуле и дека со растењето на децата, растат и проблемите на родителите, па дека е најтешко кога се тие веќе на факултет. Еве што вели новото истражување.
Имено, новото истражување покажува дека низ најтешкиот период поминуваат родителите на децата кои се во основно училиште!
Според истражувањето спроведено од Државниот универзитет во Аризона и објавено во списанието Developmental Psychology, родителите на деца на возраст меѓу 12 и 14 години доживуваат најголем стрес и предизвици.
Истражувачите следеле повеќе од 2.200 образовани мајки и нивните деца од раното детство до зрелоста. Тие ја анализирале благосостојбата на родителите, нивните родителски вештини и целокупните чувства кон нивните деца.
Резултатите се јасни: најтешко им е на родителите на основците. Интересно е што дури и мајките на доенчињата имале подобро општо здравје и пониски нивоа на стрес во споредба со родителите на тинејџерите.
Зошто е тоа така? Експертите објаснуваат дека грижата за доенчињата и малите деца е физички исцрпувачка, но кога потребите на децата се менуваат од физички во емоционални и ментални, родителите се соочуваат со сосема нов сет на предизвици.
„Како што децата влегуваат во пубертет, предизвиците на родителството стануваат значително посложени, а ризиците од „погрешни чекори“ се поголеми“, објаснува пензионираната професорка од Државниот универзитет во Аризона, Сунија Лутар.
Пубертетот носи низа промени – од хормонални бури, создавање на сопствен идентитет, до зголемен притисок на училиште и првите обиди за независност. Р
одителите повеќе не можат да ги решаваат проблемите на своето дете со едноставни прегратки, приказни пред спиење или ветувања за сладолед.
„Мајките честопати се првите што реагираат на тагата на своето дете, но сега тие мора да најдат нови начини да обезбедат утеха и поддршка бидејќи старите пристапи повеќе не функционираат“, додава Лутар.
Ова истражување не потсетува дека предизвиците на родителството се постојани, но тие се менуваат со текот на времето.
Иако понекогаш изгледа дека животот е полн со транзиции, тие на крајот нè обликуваат.
И ако нашите родители не нè научија на сè, можеби тоа е така за да ги развиеме нашите сопствени вештини и сила.
И конечно, ние сме благодарни за сè што направија за нас – дури и ако тоа не беше секогаш совршено.