олку и да сте се здебелиле, со оглед на тоа што постпарталниот период за мајката е многу стресен и тежок, а на телото му треба време за да се врати во првобитната состојба, процесот на губење на тежината треба да почека најмалку три месеци.19/10/20210144
Секоја жена ќе добие одреден број килограми за време на бременоста, но колку оптимално се препорачува зависи од физичките предиспозиции на мајката на самиот почеток на бременоста.
Жените со оптимален индекс на телесна маса (20 – 25 БМИ) – од 10 до 12 килограми
Жените под просечниот индекс на телесна маса (под 20 БМИ) – 15 до 17 килограми
Жените над просечниот индекс на телесна маса (25 – 30 БМИ) – од 5 до 7 килограми
Како да се контролира здравото зголемување на телесната тежина во бременоста?
– Јадете здрава и шарена храна
– Распоредете 5 оброци во еден ден
– Не ја надминувајте количината од 2.300 калории дневно
– Умерена телесна активност
– Водете евиденција за добиените килограми со редовно мерење
Но, борбата со тежината продолжува и по породувањето. Експертите истакнуваат дека ригорозните диети во никој случај не се добри за телото на мајката, бидејќи губењето на тежината е процес со кој треба да бидете трпеливи. Постпарталниот период за мајката е многу стресен и тежок, а на телото му треба време да се врати во првобитната состојба. Процесот на губење на тежината треба да почека најмалку три месеци по раѓањето.
Фото: Unsplash