Консумирањето јаткасти плодови за време на бременоста подобрува одредени способности

Консумирањето јаткасти плодови за време на бременоста влијае на развојот на мозокот на бебето и ги подобрува нивните когнитивни способности, објавија шпанските истражувачи.

Мајките пополнувале анкети во првото и третото тримесечје од бременоста, а истражувачите правеле тестови за моторните и интелектуалните способности кога децата имале една и пол, 5 и 8 години.

Резултатите покажале дека децата на мајките кои јаделе јаткасти плодови во првото тримесечје од бременоста имаат подобри когнитивни функции, посилна концентрација и долгорочна меморија.

„Ова е прв пат да го видиме овој ефект, но оваа студија не дава доволно информации за да се сменат насоките. Ќе мора да го повториме ова истражување. Но, дефинитивно им препорачувам на жените да консумираат јаткасти плодови најмалку три пати неделно, особено бадеми, ореви и лешници“, изјавил Жорди Јулвез од Институтот за глобално здравје во Барселона.

бременостистражувањејаткасти плодови