Многу претходни студии ги покажаа штетните ефекти на физичкото казнување врз децата. Сепак, некои родители сè уште веруваат дека тоа понекогаш е единствениот начин да му покажат на своето дете дека згрешило или дека не се однесува како што треба.
Рускиот психолог Михаил Лабковски откри какви сериозни последици може да има удирањето на детето врз неговата психа. Како што објасни, да се тепа дете значи да се скрши неговата верба во животот. Така, со само неколку зборови ја откри главната причина зошто родителите никогаш не треба да го прават ова, пренесува Форум Дејли.
„Удирањето не е воспитување, тоа е само показател на вашата агресивност. Неможност за ваша самоконтрола. Постојат многу подобри и поефикасни методи на воспитување, а децата најмногу учат од она што го гледаат кај своите родители. Ве молам, најдете сила во себе и разберете дека не е во ред да тепате деца. Можно е и вашите родители да ве тепале во детството и секако се сеќавате на тој ќотек како на најболното искуство од детството. Важно е да се нагласи дека ова е многу сериозна и важна тема за која денес не се зборува премногу“, објаснил Лабковски и на тој начин апелирал до родителите никогаш да не користат физичко казнување.
„За да одгледате дете со самодоверба, како родители треба да научите да живеете онака како што сакате да живеете. Сигурно сонувате за тоа вашите деца да знаат што сакаат, а како да ги научите на тоа? Тешко, особено ако не знаете како да ги остварите сопствените желби. Имено, луѓето кои не знаат што навистина сакаат живеат во воевиден вид хаос што патем им го пренесуваат на своите деца, што во никој случај не е добро ниту препорачливо“, додава тој.