Голем број жени денес се борат со отежнато зачнување, поради што американските експерти се обидоа да утврдат план за исхрана што ќе им помогне полесно и побрзо да станат мајки. Како што објаснуваат, нивниот план за исхрана настанал врз основа на истражувањето Nurses’ Health Study за факторите на ризик за развој на хронични болести кај жените. Со оглед на тоа дека општото здравје на организмот на секоја жена е тесно поврзано со нејзиното ниво на плодност, експертите и авторите на студијата тврдат дека нивните совети се всушност директно поврзани со зголемување на шансата за зачнување. Овие совети првенствено вклучуваат:
елиминација на транс-масните киселини
потрошувачка на растителни масла со незаситени масти
внес на повеќе растителни протеини и помалку животински протеини
конзумирање на сварливи, а не несварливи јаглехидрати
потрошувачка на полномасно млеко и млечни производи
употреба на мултивитамини кои содржат фолна киселина
зголемен внес на железо
избегнување на газирани сокови
одржување на балансиран индекс на телесна маса.