Гардијан неодамна објави забавен стрип за типовите на родители. „Хеликоптер-родителите“ постојано се обидуваат да ги предупредат своите деца за сите „потенцијални разочарувања“ и како да ги избегнат. „Ралица-родителите“ ги отстрануваат сите пречки за децата никогаш да не ги искусат. И двата типа на родители се грижат за тоа нивните деца никогаш да не доживеат неуспех, иако знаеме дека тоа е важен дел од нивното воспитување.
Од друга страна, „локва-родителите“, како што ги нарекуваат, им дозволуваат на своите деца да скршнат од вообичаениот, пропишан пат и да си создадат својот пат.
На светот му требаат повеќе „локва-родители!
Премногу родители го диктираат животот на своите деца. Од пикање во одделенија за надарени и талентирани деца бесконечна листа на воннаставни активности. Хеликоптер и ралица-родителите се обидуваат да ги турнат своите деца пред другите, дури и на штета на другите. Тие веруваат во хиперконкурентен свет каде што нивните деца треба да излезат на врвот, каде што нивните деца треба да одат на факултет, каде што нивните деца треба да успеат, а нивната дефиниција за успех е тесна.
Локва-родителите им дозволуваат на своите деца да го изберат патот по кој ќе одат. Тие ги охрабруваат своите деца да свртат од патот што обично им е пропишан, поттикнуваат креативност и размислување надвор од рамката и многу ја ценат љубезноста и автентичноста пред академските титули и глобалниот успех.
Овие родители не се грижат на кој факултет ќе се запишат нивните деца. Тие се грижат дали нивното дете ќе избере кариера која навистина ќе го исполни, без разлика станува збор за ѕидање или за академско истражување. Тие не ги принудуваат децата на воннаставни активности, освен ако самите деца тоа не го сакаат. Ако го сторат тоа, тогаш им даваат на децата опсег на избори врз основа на она што им се чини дека им се допаѓа. – не она што е популарно или што мислат дека ќе им донесе стипендија. На своите деца им даваат многу слободно време. Тие повеќе се грижат за тоа дали нивните деца се добри со новото дете отколку за тоа каква е нивната оценка по математика.
Мали вештини
И затоа сакаме децата да научат како да паѓаат и затоа ги оставаме да паднат, да ја заборават јакната, да заборават на некоја важна работа и да се соочат со природните последици од овие работи.
Децата треба да научат „мали“ вештини како љубезност, почит, емпатија… а токму овие „мали“ вештини се најтешки за учење. Ни треба повеќе од тоа во светот. Децата мора да научат да истраат. Мора да научат да бидат љубезни. Тие мора да научат да се соочуваат и да се справуваат со неуспехот. Тие треба да ги гледаат другите луѓе како сојузници, а не како конкуренција. Родителството во „локва“ го олеснува тоа. И не постои еден начин да се постигне ова, бидејќи овој вид на родителство е целосно зависен од одделно семејство и дете.
На крајот на краиштата, животот е полн со барички!