Луксузни хотели за новопечени мајки: Спа-центар, фризерски салон, јога, здрави и вкусни оброци…(ВИДЕО)

Навистина уживав во мојот престој во Paramount Postpartum Care – Melaka Confinement Center. Oва ми даде време да научам, да заздравам и да се опоравам по раѓањето на моето новороденче – особено како мајка за прв пат, вели инфлуенсерката и модел од Малезија, Вернис Малин Јео.

Станува збор за луксузен хотел за новопечени мајки во Малезија кој е само еден од повеќето вакви хотели кои се отвараат ширум светот.

Да се биде во луксузен хотел неколку недели по породувањето веројатно звучи како блаженство за секоја мајка, особено за онаа која е првпат во оваа улога и која се соочила со наплив на несакани посетители додека се обидувала да се снајде и да застане на нозе во новата улога на родител.

Првите неколку недели со новороденче може да бидат предизвикувачки бидејќи мајките учат да се справат со недостатокот на сон и да жонглираат со чувствoто на преоптовареност во нивната нова улога додека се грижат за своето малечко бебе.

Замислете колку би можело да биде различно тоа искуство доколку мајките не само што имаат партнер кој ќе ги поддржи, туку и цел тим од професионалци во луксузен хотел?

Медицински сестри се при рака во сите часови од денот за да дадат совети и да се грижат за вас и вашето бебе, имате спа центар, фризерски салон, часови по јога, психолог и пет вкусни оброци на ден доставени до вашиот хотелски апартман.

Звучи како фантазија за секоја нова мајка нели?

Но, за многумина добростоечки семејства низ светот, оваа постнатална фантазија е реалност благодарение на зголемениот број луксузни постнатални „хотели“ кои се грижат за новите родители и нивните бебиња.