„Мислев дека тоа е одлична идеја. Се прашував – па што се уште шест години?“ изјавил Сиверт Клефсаас од Минесота, САД, за Си-Ен-Ен.
Имено, во 2016. година, Лорна Голдстранд Клефсаас го предизвикала својот тогаш 12-годишен син Сиверт да се држи настрана од социјалните мрежи додека не наполни 18 години. За возврат, доколку го исполни предизвикот, ветила дека ќе му даде 1.800 долари или 100.000 денари на неговиот 18-ти роденден. На 19 февруари 2022 година, Сиверт ја примил својата награда.
Лорна ја нашла инспирацијата за ова во еден радио предизвик наречен 16 за 16, во чии рамки една мајка ѝ дала на својата ќерка 1.600 долари кога таа наполнила 16 години бидејќи ги избегнувала социјалните мрежи. Таа одлучила да го зголеми предизвикот за уште две години и да го зголеми влогот на 1.800 долари.
Сиверт вели дека не му било тешко да живее без социјалните мрежи. Не размислувал многу за тоа. Единствената апликација што ја имал пред да се обложи со мајка му била Snapchat.
„Немаше ниту еден момент кога помислив дека ќе се скршам. Со годините то стан дури и работ на гордост. Моите пријатели ме информираа за најновите трендови, а јас всушност имав шанса да ја избегнам целата драма што се случуваше таму“, додава тој.
Лорна никогаш не се посомневала во својот син и не проверувала дали тој ги користи скришум социјалните мрежи.
„Тој има натпреварувачки дух и сака да се докажува. А без социјалните мрежи, тој можеше да се фокусира на оценките и спортот“, истакнува таа.
Сиверт вели дека сѐ уште не знае на што ќе ги потроши парите. Претпоставува дека тоа ќе биде нешто за неговата студентска соба на Универзитетот Northwestern St. Paul, на кој почнува да учи наесен. А што се однесува до социјалните мрежи, тој реши да се приклучи на Инстаграм.
„Не сум против социјалните мрежи, но сум за нивна здрава употреба. Не смееме да дозволиме да бидеме оптоварени или зависни од нив“, заклучила Лорна.