Мајка на 3 деца објаснила како се ослободила од долг од 75.000 канадски долари за 1 година

Амбер и нејзиниот сопруг биле во тешка финансиска состојба. Тие должеле над 75 илјади долари и се надевале дека еден ден ќе го вратат. „Немавме добар квалитет на живот поради долговите. Живеевме од плата до плата, а најголемиот дел од приходите одеше за покривање на каматите на нашите заеми“, објаснува мајката на три деца во видеото на нејзиниот YouTube канал The Fairly Local Family.

„Не сакав повеќе да живеам така“, вели Канаѓанката и додава дека знаела дека мораат да направат голема промена во нивните животи. На крајот дошла до решение: една година без трошоци, заедно со продажба на дел од имотот. Со многу дисциплина и внимателно планирање на буџетот, семејството за една година останало без долгови.

Амбер вели дека таа и нејзиниот сопруг Џозеф не биле големи расипници.
Долгот не беше резултат на купување скапи работи како телевизори или стерео. „Имавме долгови поради моето одење на факултет. Мојот сопруг купил нов автомобил пред да ме запознае, а имал долг и претходно. Вкупно, долгот беше околу 75.000 долари. Беше навистина лудо“.

Од гледна точка на Амбер, ситуацијата била ужасна, но Џозеф во почетокот не се согласувал.
„Мислеше дека ни оди доста добро. Мислеше дека е нормално да се живее со некаков долг“. Но, Амбер од прва рака ги согледала последиците од проблемите со парите. Кога растела, нејзиното семејство лошо управувало со парите и тие страдале поради тоа.

Како возрасна, Амбер била штедлива сè до студентскиот заем и долговите на нејзиниот сопруг. Нејзиното семејство дошло до ситуација отплатата на долгот да ја покрива само каматата, а главнината да си стои. Да продолжеле со тоа темпо, ќе биле вечно должни.

Тие го прифатиле минимализмот и почнале да ги продаваат своите работи за да го платат долгот
Семејството решило да штеди една година. Не трошеле пари на ништо друго освен на основни работи. Тоа значело дека нема излегување, нема филмови, нема дополнително трошење. Единствените трошоци биле кирија, сметки, намирници и осигурување.

Но, намалувањето на трошоците не било доволно. Им требал план за да заработат повеќе пари. Тогаш Амбер решила да почне да ги продава своите работи. „Продадов сè што веќе не користев. На крајот заработив прилично пари продавајќи работи што не ги користев или не ги сакав. Тие пари ги искористив за да го вратам заемот“.

Работата ескалирала со продажбата – таа го продала најголемиот дел од своите работи
„Тоа стана малку екстремно“, вели Амбер која ги продала повеќето од нејзините работи. „Кога луѓето ќе дојдеа и ќе прашаа „зошто немате мебел?“, можев да го користам минимализмот како покритие“.

Таа ги продала каучот, телевизорот, дури и нејзиниот венчален и веренички прстен – се што можело да искористи за да го плати долгот. Една година подоцна, семејството останало без долгови. Таа вели дека повеќе не се навраќаат на тоа време и дека сега живеат мирно и задоволно.

долгсемејствоштедење