Во 1986 година, докторот и фармацевт Саген Ишизука ја измислил јапонската филозофија наречена „Шокуику“. Изведен е од два збора, што значат „да се јаде“ и „да се расте“.
Шокуику ги охрабрува родителите и училиштата да ги учат децата од каде доаѓа нивната храна и како таа влијае на нашите умови и тела. Овој концепт е дел од јапонската култура и е голема причина зошто ова е земјата на најздравите деца во светот. Според податоците на УНИЦЕФ, меѓу 41 развиена земја, Јапонија е единствената земја каде што помалку од едно од пет деца има прекумерна тежина.
Како мајка која воспитува ќерка во Јапонија, Јуко Тамура наведе што прават јапонските родители поинаку за да воспитаат среќни и здрави деца.
Рано спроведуваат шокуику
Јапонските лекари ги охрабруваат идните мајки да следат балансирани оброци наречени „ichijū-sansai“. Централниот дел е чинија со ориз и мисо супа, придружена со јадење фокусирано на протеини и два прилози со зеленчук (како алги или печурки) за соодветни витамини, минерали и влакна.
Како што растат децата, тие почнуваат да учат за здравите навики во исхраната. Во 2005 година, владата донела темелен закон за „Шокуику“ за промовирање на „Шокуику“. Во некои предучилишни установи децата берат зеленчук за ручек, додека во основните училишта учат за фарми кои произведуваат зеленчук, риба и друга храна.
Поттикнуваат разговори за кутиите за ручек
Над 95% од јапонските основни и средни училишта имаат систем на училишни оброци планирани од нутриционистите, додека учениците активно учествуваат во процесот на послужување ручек. Оброците се служат во кутии за ужина или ручек и играат важна улога во промовирањето на „Шокуику“.
„Воспитувачката во градинката на ќерка ми ги охрабрува децата да зборуваат за тоа што има во нивните кутии“, вели Тамура.
Оброците секогаш се подготвуваат од локални, свежи состојки. Децата консумираат сезонски зеленчук и овошје, а избегнуваат храна со висока содржина на масти и адитиви.
Храната богата со хранливи материи се готви сезонски и се замрзнува (или се ферментира)
Тамура вели дека киселењето храна и замрзнувањето зеленчук и овошје го поедноставуваат нејзиното секојдневно готвење. Јапонците купуваат сезонска храна и ја подготвуваат на таков начин што може да се конзервира и потоа да се консумира кога е дефицитарна на пазарите или во продавниците.
Наместо сок, пијат вода или чај
Тамура вели дека не го ограничува пристапот на ќерка си до овошни сокови и шејкови, но девојчето знае дека таквите пијалаци не се добар избор.
„Рано го запознав детето со чај од јачмен кој е богат со минерали и не содржи кофеин. Тој е популарен избор кај Јапонците од сите возрасти и одлична алтернатива за слатките чаеви и на ароматизираните пијалаци од продавниците. Исто така, ви помага да го намалите вашиот дневен внес на калории“, објаснува таа.
„Друг начин на кој спроведувам Шокуику дома е правење смуди од свежо овошје и јогурт со ќерка ми. Разговараме за тоа како расте овошјето и од каде доаѓа. Ваквите искуства ќе ги пренесат нејзините сегашни здрави навики во исхраната и во иднина”, заклучува таа.
[…] Целиот текст прочитајте го ТУКА. […]