Mајка веганка осудена на доживотен затвор: Го изгладнела детето до смрт

Шила О’Лири (39) се соочува со доживотен затвор откако поротата деновиве ја прогласила за виновна за убиство на нејзиниот најмлад син и за низа обвиненија за злоупотреба на децата.

Осумнаесетмесечниот Езра О’Лири починал во 2019 година поради изгладнетост.

Шила следела строга веганска диета и била осуден по шест точки – убиство од прв степен, тешка злоупотреба на деца, тешко убиство од небрежност, злоупотреба на деца и две точки за запоставување на дете.

Изрекувањето на пресудата во округот Ли на Флорида претходно било одложено четири пати, а сопругот на Шила, Рајан Патрик О’Лири, се уште е во затвор и го чека судењето за истите обвиненија.

Инспекторите рекле дека парот признал дека семејството јадело само сирово овошје и зеленчук. Шила го хранела својот 18-месечен син со сопственото млеко, а во септември 2019 година, кога тој починал, тежел 8 килограми и бил со големина на седуммесечно бебе, се вели во полицискиот извештај.

Двојката од Кејп Корал имала уште три деца, на возраст од 3, 5 и 11 години, кои исто така биле неухранети. Најголемото дете претходно му било вратено на биолошкиот татко исто така поради неухранетост.

majkaвеганкаизгладнетост