Едвај чекате вашето бебе да почне да оди, потоа да зборува се повеќе и повеќе и уживате во тоа како расте и напредува. Се друго ќе решавате патем, бидејќи се додека има здравје, се ќе биде во ред! Така размислувате и навистина се радувате на секој ден, па дури и на воспитувањето на тоа ваше дете и на сите нови предизвици.
И потоа почнувате со некое посериозно воспитување и секако, мора да забраните некои работи.
Не, не може да скокаш на каучот. Не, не смееш да ја ставаш раката во тоалетната шолја.
Не, не смееш да фрлаш храна на подот.
И покрај сите овие „не“, вашето дете сè уште си прави по свое.
Ве излудува, но како и да ги поставите работите, нема придвижување. Вашето дете е едноставно непослушно и веќе гледате дека ќе ве излуди.
Но, што ако вашето дете воопшто не разбира што му кажувате?
Секако, се прашувате зошто тоа не би разбрало, ако се друго ве разбира.
Но, можеби зборот „не“ е различен, како што тврди логопедот и мајка Мелиса Мини, @raisinglittletalkers. Таа на својот профил на Инстаграм сподели видео во кое им објаснува на родителите дека нивното дете можеби нема да го разбере значењето на зборот „не“ до одредена возраст – и нуди методи со кои ќе го научат.
„Дали знаевте дека малите деца под три години не го разбираат целосно зборот „не“ во речениците? прашува таа.
„Јас сум логопед и тоа ќе го докажам. Гледајте го ова.”
Мини покажува видео од неа и нејзината ќерка во кое држи јаболко и лимета и ја прашува ќерка си – кое од нив не е јаболко. Нејзината ќерка покажува на јаболко. Мини потоа прашува на кое овошје нема налепница – јаболкото има налепница, додека лиметата нема. Нејзината ќерка избира јаболко со налепница на него. Не, не сте полуделе сите заедно!
До тригодишна возраст, детето не го разбира концептот на зборот „не“.
„Истражувањето ни кажува дека малите деца на возраст под три години можат погрешно да ги толкуваат овие негативни реченици како потврдни, што значи дека обрнуваат внимание само на остатокот од реченицата, а не на негативниот дел“, објаснува Мини.
„Значи, ако речете нема качување по скалите, тие слушаат само: качување по скалите.
Во ред, да речеме дека разбираме и можеме да прифатиме дека тие едноставно не разбираат. Но, децата секогаш прават нешто што не треба и некако треба да му се стави крај на тоа. Како да се реши овој проблем?
Мини има неколку совети.
„Кога сакате вашето дете да престане да прави нешто, кажете му што да направи наместо тоа, на пример: „Ајде да седнеме на каучот“ или „Каучот е за седење“, вели Мини.
„Ако се работи за безбедност, обидете се да користите едноставно „не“ или „стоп“, а потоа физички да го помрднете нивното тело за да го научат значењето на тие зборови. Потоа, кога тие се безбедни, можете да продолжите со она што тие можат да го прават наместо тоа што не смеат“.
Се разбира, многу родители сега како контрааргумент ќе го наведат фактот дека децата многу добро знаат кога самите ќе кажат НЕ и кога ќе одбијат да направат нешто.
На пример, пред спиење, многу од нив наеднаш ќе го знаат значењето на зборот не, кој ќе го користат бидејќи не сакаат да ги мијат забите.
Работата е во тоа што децата не разбираат „не“ во реченици, односно во одречни реченици.
Тоа „не“ во негативна реченица им создава конфузија во главите.
Многу родители споделија во коментарите дека ова им ги „отворило очите“.