Универзитетот Харвард објави голема студија за тоа што ги прави мажите посреќни. Заклучокот што произлегува е дека „мајкините синови“, односно „мамините мази“ се многу поуспешни во бизнисот и заработуваат повеќе од мажите кои како деца немале толку близок однос со своите мајки.
Студијата започнала во 1938 година и следи 268 машки студенти од рана возраст до старост. Тестирањата се објавуваат на секои две години и без сомнение се една од најдолгите и најдетални студии за човековиот развој во историјата.
Разликата во платите на мамините мази и на нормалните студенти е во просек околу 87 илјади долари годишно. Исто така, студијата докажала дека мажите кои имале блиска врска со својата мајка се многу поуспешни во кариерата како што одминуваат годините. Дополнително, доколку во детството имале лоши односи со мајка си, кај нив се зголемувал ризикот од деменција во подоцнежните години.
Стиловите на поврзување со родителите во раното детство ги одредуваат односите во животот
Во меѓувреме, не постои врска помеѓу односот на еден млад човек со неговиот татко и деловниот успех. Добриот однос помеѓу син и татко подоцна во животот се манифестира со повисок степен на задоволство со животот и намалено ниво на анксиозност.
Книгата „Триумфот на искуството, луѓето од големото истражување на Харвард“, напишана од Џорџ Вајлан, долгогодишен директор на студијата, ги објаснува заклучоците и односите што научниците ги докажале.
Интересен заклучок од еден дел од студијата се однесува на прекумерното консумирање алкохол.
„Мажите кои консумираат поголеми количини алкохол се најнесреќни, тие имаат поголема стапка на смртност, разводи, депресија и невроза. Либералните мажи консумираат повеќе секс и што е најважно, високиот коефициент на интелигенција не се поврзува со високата плата!
Д-р Џорџ Вајлант, кој ја водел студијата 42 години, смета дека клучот за успехот е љубовта. „75 години и 20 милиони долари потрошени на студијата дојдоа до еден заклучок. Среќата е љубов. Точка“, вели Вајлан.