Една мајка од Орландо, Флорида, била затечена од едноставната, но длабока забелешка што нејзиниот тригодишен син ѝ ја кажал додека биле на прошетка. Мишел, мајка на три деца и училишен психолог, неодамна привремено ја напуштила работата за да се фокусира на своето семејство, а воедно работела и со скратено работно време како туристички агент. Одлуката ѝ овозможила да поминува повеќе време со своите деца, вклучувајќи го и нејзиниот 4-годишен син, Чејс, кого го опишува како живо, проницливо и исклучително чувствително момче.
По долгиот и исцрпувачки ден кој го поминале на претпремиера на „Universal Epic Universe“, Мишел и Чејс полека се враќале кон својот автомобил. Држејќи ја за рака, момчето одеднаш ѝ вели: „Мамо, твојата рака станува помала“.
Зборовите ја погодиле Мишел директно во срцето
Мишел сфатила дека нејзиниот син расте побрзо отколку што мислела.
„Бев без зборови. Само реков: „О, душо, твоите раце стануваат поголеми“. „Тој продолжуваше да зборува како ништо посебно да не се случило, а јас сфатив дека ми го скрши срцето“, се присетува таа.
Како и многу родители, Мишел знае дека децата растат брзо, но не размислувала често за денот кога нејзиниот син можеби повеќе нема да сака да ја држи за рака. Реченицата на Чејс била потсетник колку е кратко и скапоцено детството.
„Од времето кога едвај можеше да ја обвитка раката околу мојот мал прст до сега кога ја држи мојата рака со цела рака – не знам кога се случи тоа“, вели таа.
Приказна што допре илјадници
Трогната од сознанието, Мишел ја споделила својата приказна на Инстаграм, не очекувајќи дека ќе предизвика толку многу реакции. Многумина се препознале себеси во видеото и моментот кога сфаќаат дека нивните деца толку брзо растат пред нивните очи.
„Често ја слушаме изреката „Деновите се долги, но годините се кратки“, но ова не беше цитат или клише, туку искрена мисла од моето тригодишно дете што кажуваше сè. И беше едноставна и длабока во исто време“, заклучила Мишел.
За неа, тоа било потсетник да ужива во сегашниот момент, затоа што токму сега живееме во она што некогаш ќе го нарекуваме „старите добри времиња“.