Математичар смислил формула која предвидува колку ќе му треба на детето за да збесне во автомобил

Статистичарот Џејмс Хинд од Универзитетот Нотингем Трент вели дека родителите можат да пресметаат колку време ќе им треба на децата пред да станат немирни во автомобилот. Формулата гласи: T = 70 + 0,5E + 15F.

Истражување засновано на одговорите на 2.000 деца, заклучило дека времето (Т) кое ќе му треба на просечно дете за да полуди за време на долго патување со автомобил е 70 минути. Родителите можат да го одложат ова со воведување забава (Е) и храна (F), пишува Тајмс.

Исто така, се покажало дека присуството на браќа и сестри во автомобилот ги зголемува шансите за дивеење на задното седиште за 10 минути. Освен тоа, просечно дете ќе праша „дали стигнавме“ четири пати во текот на 32-минутното возење.

„Ако имате само едно дете можете да го забавувате и повремено да го поткупите со храна, би можеле да издржите два часа возење без изливи на бес. “, вели д-р Хинд.

Најголемите причини за изливите на бес при возење во автомобил кај децата се досадата (68 проценти), предолгото патување (62 проценти) и гладот ​​(57 проценти).

„Забавата е клучна, но дури и тоа не успева кога станува збор за многу долго патување. Важно е да се прават паузи за да можат децата да го поднесат возењето, а родителите да бидат одморени“, предупредува д-р Хинд.

автомобилдецапат