Родителството го менува светот и за мажите и за жените.
Иако жената е таа што е бремена и раѓа деца, истражувањата покажуваат дека денешните татковци повеќе од кога било досега се вклучени во одгледувањето и грижата за децата.
Денешните татковци сериозно го сфаќаат родителството, поминуваат три пати повеќе време со своите деца отколку мажите од пред две генерации и работат многу повеќе во тоа време.
Но, дали во пракса е исто да се биде мајка и татко?
Мајките често ги гризе совест околу тоа дали поминуваат доволно време со своите деца и ретко одвојуваат време за себе, без разлика дали тоа е едноставно туширање, подолг сон или мали женски задоволства како одење на фризер или вежбање.
Излегува дека татковците се прилично итри кога треба да најдат време за себе.
Имено, во моментот кога се обидувате да го нахраните или облечете вашето дете, големи се шансите вашата подобра половина да се крие – во бањата.
Добро прочитавте.
Според една студија од 2018 година, мажите се прилично добри во пронаоѓањето на тоа „време за себе“, поминувајќи долго време во тоалет – за да имаат „мир и тишина“.
Пебл Греј анкетирал 1.000 мажи, а истражувачите откриле дека мажите одат во тоалет поради неколку други причини освен поради вршење нужда.
Меѓу мажите кои ја исполниле анкетата, 45 отсто тврдат дека речиси никогаш немаат „време за себе“.
Од овие мажи, четвртина рекле дека „нивните партнерки не разбираат колку им е стресен животот“.
Други 25 отсто признале дека „без тие бегства во тоалет, не би знаеле да се справат со стресот“, а 23 отсто од нив признале дека тоалетот е нивното приватно „безбедно место“.
Зошто мажите бегаат во тоалет?
Бегаат од партнерките кои постојано им досадуваат
Избегнуваат домашни работи и љубопитни деца
Тоа е можност да го погледнат својот мобилен телефон на мир
Портпаролот на Пебл Греј вели: „На сите ни треба малку време за себе, да се одмориме и да собереме сила за да продолжиме понатаму или целосно да се исклучиме“.
Заклучокот е едноставен – ако ви треба помош и никаде не можете да го најдете сопругот, проверете ја бањата!