Медицинската сестра што тепаше старица се извини на Фејсбук: „Му се извинувам на семејството и на сите Албанци“

„Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијата ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за тој одвратен гест што го направив вчера. Сите прават грешки. Официјално му се извинувам на семејството и на сите Албанци“, објавила на својот Фејсбук профил медицинската сестра која безмилосно ја тепаше старицата сместена во дом за стари лица во Пеќ.

Видеото на кое се гледа како повозрасна жена е физички малтретирана и исмевана од медицинска сестра во домот, додека се слуша смеењето на другите две, беше објавено на социјалните мрежи и предизвика бура од реакции. Сите сме згрозени од постапката на трите млади жени кон старицата која има Алцхајмерова болест.

Зошто полицијата ѝ дозволила на Аурона Пелај да пишува таканаречено извинување на Фејсбук и како успеала да добие таква можност, не знаеме, но знаеме дека ова предизвика уште побурни реакции кај нормалните луѓе кои не можат да си дојдат на себе заради целиот овој случај.

Семејството на жената дознало за малтретирањето од видеото и веднаш си ја зеле дома.

По бројните реакции на социјалните мрежи, следуваше извинување и од таткото на Аурона, Наим Пељај:

„Знам дека поминувате низ тешки времиња, но дозволете ми јавно да ви се извинам во името на моето семејство Пељај, од Ново Село кај Пеќ, вам, на семејството Нур и на целиот албански народ.
Со Божја помош овој случај нема да се повтори.
Морално и духовно, животот ви го должиме вам, семејството Нура од Ѓаковица, за духовната трагедија што ви ја предизвика нашата ќерка“, пишува тој.
Истовремено, Наим Пељај во изјавата за Кљан Косово, бара од правосудните институции да се позанимаваат со овој случај.
„Во случајот со нашата ќерка бараме правосудните институции да постапат согласно законот на Република Косово за кривичните дела кои ѝ се товарат“, вели Пељај .

Алцхајмермедицинска сестраПелајФејсбук