Многу млади Европејци денес се соочуваат со предизвикот да најдат сопствен станбен простор и финансиска независност, што доведе до тоа некои од нив да останат во заедница со своите родители подолго отколку што беше случај порано.
Овој феномен, позната на Запад како „продолжен престој со родителите“, станува сѐ почест во многу европски земји.
Младите во полоша економска состојба од претходните генерации
Една од главните причини за оваа промена е економската состојба. Високите цени на недвижностите, како и трошоците за живот, им отежнаа на младите да се одлучат да ја напуштат родителската куќа, како и да најдат свој имот или стан под кирија. Зголемувањето на невработеноста и несигурноста на пазарот на труд придонесуваат и младите да се одлучат да останат со родителите, за да ги намалат трошоците и да обезбедат финансиска стабилност, пишува Гардијан.
Дополнително, промените во социјалните норми и перцепцијата за семејните односи, исто така, влијаат врз одлуката на младите да останат подолго во домот на нивните родители. Традиционалните очекувања за напуштање на домот по завршувањето на училиштето сѐ повеќе се менуваат, а живеењето со родителите станува поприфатлив избор.
Некои млади луѓе исто така избираат да останат со своите родители за да обезбедат емоционална поддршка или да помогнат во грижата за постарите членови на семејството. Овој тип на меѓугенерациски заеднички живот може да биде корисен за сите вклучени страни и придонесува за зајакнување на семејните врски.
Меѓутоа, подолготрајниот живот со родителите може да донесе и одредени предизвици. Недостатокот на приватност и автономија може да влијае на индивидуалниот развој на младиот човек, додека прекумерната зависност од родителите може да го отежне процесот на осамостојување и постигнување лична независност, пишува британскиот весник.
Традицијата на Балканот – причините за подолг престој со родителите различни отколку во остатокот од Европа
На Балканот традиционално постои тренд на продолжен престој на младите со нивните родители, иако причините за оваа појава се малку поразлични во споредба со другите делови на Европа.
Високата стапка на невработеност, ниските плати и економската нестабилност често им отежнуваат на младите луѓе да најдат работа и сопствено домување.
На Балканот, семејните врски често се многу силни, а традиционалните вредности обично поттикнуваат блиски семејни односи и поврзување на генерациите. Поради ова, младите често остануваат со своите родители за да ги одржат тие односи и да се грижат за постарите членови на семејството.
На Балканот владее економска миграција на младите
Во балканските земји, значаен е и факторот на економска миграција. Многу млади луѓе ги напуштаат своите родни места, па дури и земји, со цел да побараат подобри можности за вработување и живот. Оние кои остануваат, сепак, честопати се соочуваат со тешкотии да најдат работа што ќе им овозможи финансиска независност и сопствен простор за живеење.
Дополнително, постои социјална стигма поврзана со продолжениот престој со родителите, особено во подоцнежните години. Ова може да доведе до чувство на срам или притисок кај младите луѓе кои сакаат да постигнат независност и самодоверба.
Сепак, овој тренд не е универзален и има големи разлики во искуствата на младите на Балканот. Многу млади луѓе успеваат да постигнат финансиска независност и да обезбедат место за живеење, додека други избираат да останат со своите родители од различни причини, вклучувајќи економски и семејни фактори.
Европејците се независни веќе во своите 20-ти
Просечната возраст кога младите од Европа обично стануваат независни е помеѓу дваесеттите и раните триесетти. Во многу западноевропски земји, како што се Шведска, Норвешка и Данска, на пример, младите луѓе обично го напуштаат домот на своите родители и стануваат независни во раните дваесетти години, често по завршувањето на училиштето или стекнувањето диплома.
Од друга страна, во балканските земји, процесот на независност може да биде одложен поради економските предизвици, високата стапка на невработеност и други фактори. Многу млади луѓе остануваат со своите родители долги временски периоди, понекогаш дури и до доцните триесетти, додека се обидуваат да најдат стабилна работа и сигурно домување.
Во јужноевропските култури има поголеми очекувања младите да останат дома додека не се венчаат, стапат во брак или имаат стабилна работа.
Образовните фактори се уште една причина. Продолженото школување значи дека младите поминуваат повеќе време на учење пред да влезат во светот на работата, што уште повеќе го отежнува осамостојувањето.
Со зголемениот број разводи и помалку бракови, младите исто така чувствуваат помал притисок да го напуштат домот на нивните родители.
Економските фактори играат клучна улога во оваа појава. Високите цени на становите и пониските плати во споредба со трошоците за живот се причините поради кои младите тешко постигнуваат финансиска независност.