Кога одевме порано во тоалет, друштво ни правеа списанијата кои ги разгледувавме во миговите поминати во приватноста на бањата, но сега доволно е да имате мобилен телефон при рака.
Дали сте навикнати да го поминувате времето седејќи во тоалетот гледајќи видеа или пак, најновата епизода од вашата омилена серија?
Сите го правиме тоа, а сепак, според експертите, држењето на телефонот во рака додека седите во тоалетот е длабоко погрешна навика. Тоа е затоа што бањата е едно од најбогатите места за бактерии.
Подовите, славините, тушот, кадата и површините на тоалетот содржат колонии на бактерии кои лесно можат да се преселат на нашиот паметен телефон преку нашите валкани раце и да не следат наоколу цврсто вгнездени во нашиот мобилен телефон.
Бактериите кои се размножуваат во бањата главно доаѓаат од нашиот измет и урина, но и од устата (кога ги четкаме забите) и можат да бидат носители на болести како салмонела, хепатитис, стрептокока.
Студијата спроведена пред неколку години на смартфоните на средношколците го истакна присуството на E. Coli и други штетни бактерии на површината на уредот, додека друго истражување спроведено во Велика Британија покажало дека екранот на паметниот телефон обично е понечист од даската на клозетската шолја.
Покрај бактериска контаминација, постои уште еден ризик од поминување премногу време седејќи во тоалетот со паметниот телефон во рака, а како што покажаа првите резултати собрани во клиничките испитувања, тоа е појавата на хемороиди.
Проблемот, во овој случај, не е во користењето на самиот смартфон, туку во тоа што поминувате премногу време седејќи на тоалетната шолја во бањата.
Што можеме да направиме за да ги спречиме овие ризици?
Едноставно: чувајте го вашиот мобилен телефон надвор од бањата и цврсто затворете го во торба или ранец ако користите јавен тоалет. На овој начин, ќе ги минимизирате ефектите од контаминација.
Понатаму, ограничете го престојот во бањата на минимум, не повеќе од четвртина час: ставете часовник во бањата и следете колку време всушност поминувате седејќи на тоалетната школка.
Конечно, и за да не се земе здраво за готово, измијте ги рацете темелно со сапун и проточна вода за да ги отстраните повеќето фекални бактерии од вашите раце и да можете да ги земете назад сите ваши предмети – вклучително и вашиот паметен телефон – без ризик од контаминација.
Сигурни сме дека откако ќе го прочитате ова, повеќе нема толку лесно да го носите паметниот телефон со вас во тоалет.