На глобално ниво, бројот на сперматозоиди кај мажите опаѓа веќе со децении, но иако научниците имаат многу хипотези, не се знае точно зошто. Нова швајцарска студија додаде уште еден потенцијален фактор на ризик, а тоа се мобилните телефони, пишува Дојче веле.
Откако ги анализирале примероците на сперма на повеќе од 2.800 млади мажи, швајцарските научници откриле врска помеѓу поголема фреквенција на користење на мобилни телефони и помала концентрација на сперма, се вели во студијата објавена во списанието Fertility and Sterility.
Преминување на нови технологии
Тие не откриле разлика во подвижноста или морфологијата на спермата помеѓу различни типови корисници на мобилни телефони и не нашле докази кои укажуваат на тоа дека носењето телефон во џеб наместо во ранец игра улога во концентрацијата на спермата.
Студијата траела три години. Поврзаноста помеѓу честото користење телефон и нискиот број на сперматозоиди била поизразена во текот на првите години на студијата отколку при крајот, што се смета дека е поврзано со транзицијата кон новите технологии од 2G, на 3G и 4G и намалувањето на излезната моќност на телефонот.
Фактори кои влијаат на плодноста
Студијата ги додаде мобилните телефони на долгата листа на фактори кои веќе се откриени дека влијаат на плодноста, како што се пушењето, дебелината, алкохолот, психолошкиот стрес и хемикалиите во пестицидите и пластиката.
Истражувањата дадоа одредени докази дека радиофреквентните електромагнетни полиња емитувани од мобилните телефони имаат негативно влијание врз човековото репродуктивно здравје.
Ако сте маж кој сака да има деца еден ден, оваа вест може да ве загрижи, но научниците велат дека не треба да правите некои големи промени. Чувањето на телефонот во ранец или ташна и ограничувањето на користењето е релативно мала промена што може да помогне.
[…] Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“. […]