Момче заѕвони на нечија врата, остави порака во камерата и стана хит: „Само сакам да кажам дека си битна…“ (ВИДЕО)

Љубезниот збор ги отвора сите врати – а еден тинејџер од Минесота не сакаше ниту да ја отвори вратата, но сепак испрати љубезен збор, а тој љубезен збор го обиколи светот. Иако беше наменета само за една личност, таа личност сметаше дека таков убав гест треба да се сподели со другите. И тогаш кругот на тие „другите“ неочекувано се прошири низ виртуелниот свет.

Додека шетал со своите пријатели низ соседството, 13-годишниот Џексон Проел видел една од камерите на влезната врата во населбата и се упатил кон влезот. Додека неговите пријатели ѕвонеле на другата влезна врата и побегнале (добро, и ние сме го правеле тоа…), Џексон имал сосема поинаков план. Односно, немал план, едноставно го направил тоа.

Џексон отишол до вратата и зборувал во камерата: „Ме гледаш, ти си важна, добро? Секогаш ќе има некој на кој ќе му бидеш важна. И ти си добар човек. Без оглед на тоа што велат луѓето, ти си важна“.

Во тој момент до вратата доаѓа неговиот пријател и ѕвони, а Џексон го оттурнува со раката и продолжува: „Игнорирај ги. Тие се губитници. Само ѕвонат и бегаат. Само сакам да кажам нешто убаво. Не знам што прават. Бегаат и толку. Само сакам да кажам дека ти си важен, маж или жена. Кој и да сте, некому сте му важни. Само имајте го тоа на ум. Не заборавајте го тоа“.

Ешли Ман, сопственичката на куќата која била на одмор, добила известување на нејзиниот мобилен телефон. Кога ја прегледала снимката, Ешли била воодушевена и решила да ја сподели оваа убава порака.

@ashleyfayeann

Random acts of kindness ❤️

♬ original sound – Ashley