Нашите деца ќе ни поверуваат сè што ќе им кажеме: Дали внимаваме што им кажуваме?

Како и зошто децата веруваат во Дедо Мраз или Божиќ? Тие веруваат затоа што ние, родителите, ја одржуваме таа магија за нив. Тие веруваат затоа што им кажуваме дека Дедо Мраз постои и дека носи подароци и ги остава под елката. Тие, исто така, веруваат дека кога ќе остават паднато запче под перницата, ќе дојде самовилата и ќе им остави паричка или нешто што тие го сакаат.

Да, тие наши деца се најдобрите луѓе на светот, особено кога се наши, и ние сакаме да ја одржуваме таа магија додека трае. Сакаме да го гледаме сјајот во нивните очи и радоста од фактот што добиле доказ дека Дедо Мраз навистина постои. Затоа што ние сме тие на кои им веруваат. Им кажуваме што е тоа и тие веруваат во тоа.

Ние сакаме да ја одржуваме таа магија додека може. Сакаме да го гледаме сјајот во нивните очи и радоста од фактот што добиле доказ дека Дедо Мраз навистина постои. Затоа што ние сме тие на кои им веруваат. Ние им кажуваме и тие веруваат во тоа.

Но, што е со другите работи? Понекогаш го забораваме или игнорираме фактот дека како што ни веруваат дека постои Дедо Мраз, веруваат и во сѐ друго што ќе им кажеме. И дали внимаваме што им кажуваме?

Еден татко испратил важна порака на својот профил на Инстаграм токму на оваа тема. Тај Алан Џексон е автор на детски сликовници и мотивациски говорник, а на својот профил објавил видео во кое многу јасно и сликовито прикажал зошто треба да внимаваме што зборуваме.

Ова е едноставна и моќна порака која сите ја знаеме, но понекогаш забораваме на моќта на нашите зборови.

„Ако му кажете на вашето дете дека Дедо Мраз доаѓа да му донесе подароци, ќе ви поверува. Ако му кажете на детето да остави заб под перницата и дека самовилата магично ќе му остави пари, ќе ви поверува. Ако му кажете на вашето дете дека има еднорози, змејови, сирени и духови, ќе ви поверува.

Значи, ако им кажете дека се бавни или несмасни или злобни или глупави, ќе ви поверуваат исто така.

Затоа не заборавајте да им кажете дека се брилијантни, храбри, способни и љубезни, бидејќи ќе веруваат во тоа“, вели таткото.

Децата се предодредени да нè слушаат (не, ова не е исто што и послушност), ние сме нивен модел и она што го кажуваме – така е. Никогаш не заборавајте го ова.

Затоа што, како што вели една поговорка, нашите зборови со кои им зборуваме на децата стануваат нивен внатрешен глас. Затоа мора да бидеме многу внимателни како разговараме со нив.

верувањеродители