Наставничка држи час по биологија во костим што го претставува цело тело

Вероника Дук е учителка која стана вирален хит на интернет откако нејзинот сопруг објави фотографии на Твитер на кои таа е облечена во костим со принт со анатомијата на човечкото тело, за време на предавање на час по биологија.

Училиштето веројатно е еден од најдобрите делови од нашите животи кога стекнуваме пријатели и имаме прекрасни спомени. Една многу важна работа за училиштата е начинот на кој наставниците предаваат. Вообичаено, луѓето секогаш се сеќаваат на начинот на кој им предавале наставниците, но најмногу на оние кои знаеле да го пренесат знаењето на иновативен начин и важеле за омилени меѓу своите ученици.

Вероника Дук, која кога се направени фотографиите имала 43 години, предава во училиште, а на часот по анатомија го задржала вниманието на своите ученици предавајќи во овој костим кој го нарачала преку Интернет.

Со цел на што поиновативен и разбирлив начин да им го пренесе знаењето на своите ученици од трето одделение, оваа учителка е во постојана потрага по нови идеи како нејзините часови истовремено да бидат и забавни и едукативни.

Откако беше објавена фотографијата, таа наиде на позитивни коментари, поддршка за идејата и масовно споделување.

Можеби некои не знаат, но костимот е инспириран од костимираниот лик Slim Goodbody, создаден од Џон Бурстин, кој се залага за здравјето на децата повеќе од четириесет години.

Во моментов, неговите продукции ги гледаат милиони деца на Discovery Education. Неговото шоу во живо прикажува турнеи низ театрите низ САД, а покрај тоа, Слим е автор на педесет книги за деца. Неговата работа е почестена со награди од Parent’s Choice, Parent’s Choice, the Corporation for Public Broadcasting, the President’s Council on Physical Fitness and Sports и од the WHO (Светската здравствена организација).

The Bodyology е мјузикл кој ги учи децата на основите на анатомијата, исхраната, фитнесот и личната хигиена. Користи музика, 3Д анимација и многу интеракција за да го привлече вниманието на учениците. Тој е дизајниран да промовира самопочит и да ги мотивира децата да бидат најдобри што можат.
Шоуто Bodyology е исполнето со песна, танц и музика, сите инспирирани од државните стандарди и соодветна наставна програма.

анатомијабиологијанаставничкаученици