Научниците го создадоа првиот тест кој открива аутизам од едно влакно коса

Научниците развија универзален тест за аутизам кај бебињата, за кој е доволно само едно влакно коса. Тестот ги мери нивоата на метали, како што се олово и алуминиум, кои се повисоки кај аутистичните деца. Се покажа дека точно го предвидува аутизмот во 81 отсто од случаите, пишува Journal of Clinical Medicine, списание во кое беа објавени резултатите од студијата.

Научниците го тестирале својот метод на прамени коса собрани од 220 јапонски деца кога имале околу еден месец. Резултатите потоа биле споредени со клиничката дијагноза на аутизам, направена кога децата имале околу четири години. Тие откриле дека нивниот тест правилно го идентификувал аутизмот во 394 случаи (81 отсто од вкупниот број).

Резултатите беа опишани како „револуционерни“ од независни научници, а сега ги надгледува Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

Бидејќи не постои стандарден тест за оваа состојба, лекарите мора да се потпрат на развојната историја и однесувањето на детето. Затоа, аутизмот обично не се дијагностицира официјално до 4-годишна возраст во САД, а во Велика Британија просекот е шест години.

Тимот од њујоршкиот старт-ап Linus Bio вели дека нивниот тест треба да се користи во комбинација со други методи, а не самостојно, но напоменуваат дека може да помогне во скратување на дијагностичката постапка.

„Можеме да откриеме аутизам со само еден сантиметар коса. Проблемот е што тој се дијагностицира дури на четири години, а дотогаш мозокот веќе поминал низ значаен развој. Со нашиот тест сакаме да овозможиме рана интервенција“, изјавил за NBC News коосновачот на компанијата Маниш Арора.

За тестирање, научниците прво користат ласер за отстранување на површинскиот слој од влакното. Вториот, помоќен, ласер потоа ги комплетира мерењата на 650 точки по должината на влакното. Овој процес, исто така, го претвора влакното во плазма.

Потоа се проверуваат супстанциите поврзани со аутизмот, вклучувајќи метали како олово, кадмиум, арсен, цинк и бакар. Претходните истражувања откриле повисоки нивоа на сите три елементарни метали во косата на децата со аутизам. Истражувачите не се сигурни зошто е тоа така, но шпекулираат дека можеби е поврзано со генетски фактори или изложеност на супстанции од околината. Резултатите потоа се внесуваат во компјутерска програма која бара обрасци кои укажуваат на аутизам. Системот е развиен врз основа на студии спроведени на стотици луѓе во Шведска и САД.

аутизамвлакнотест