Кога ќе се соочите со новороденото бебе на пријател или член на семејството, примамливо е да го прекриете со бакнежи неговото преслатко лице.
Но, немојте, како што велат лекарите, бакнувањето мало дете кое не е ваше може да биде фатално за детето.
Д-р. Каран Рајан ги предупреди своите 5,3 милиони следбеници на Tик-Ток дека нашите лица и усти се преполни со милиони микроскопски бактерии и вируси кои лесно може да се пренесат на новороденчето.
Додека возрасните и постарите деца имаат целосно развиен имунолошки систем, истото не важи и за бебињата под три месеци.
Имунолошкиот систем на бебето сè уште се „тренира“ да им се спротивстави на натрапниците и иако можеби изградил одредена одбрана од бактериите и вирусите на лицата на неговите родители, тоа нема да биде подготвено да се бори против оние на кои е тукушто изложено.
Ова значи дека бактеријата или вирусот што се шири од посетител може да ја премине крвно-мозочната бариера, што ќе доведе до компликации опасни по живот.
Инфекциите кои предизвикуваат благи симптоми кај постарите деца и возрасните, како што е настинката, може да бидат опасни по живот за новороденчињата, вели докторот.
Некои доктори им сугерираат на пријателите и семејството да чекаат два до три месеци додека имунолошкиот систем на бебето не биде доволно силен за да ги планираат своите посети, пишува DailyMail.
Се смета дека придобивките од повремениот родителски бакнеж може да ги надминат ризиците, под услов родителот да нема никакви инфекции како настинка или херпес.