Не им се обраќајте на децата преку надзорна камера ако не сакате да имаат трауми! (ВИДЕО)

Кога станува збор за работите кои најпрецизно го опишуваат родителството, при врвот се моментите кога ќе го фатите детето како прави нешто што не треба. Ваквите ситуации се сосема очекувани и вообичаени се додека нема сериозно нарушување, штета или нешто трето.

Начинот на кој родителите се справуваат со тие поблаги престапи се разликува од семејство до семејство. Една мајка на потешкиот начин дознала дека нејзиниот метод, колку и да бил добронамерен, не завршил толку добро, а секој може да научи од нејзината грешка и да не го применува истиот.

@missmoose14

he’s been scared of the camera ever since 😩🤷‍♀️ #fyp

♬ original sound – missmoose14

Корисничка со прекар missmoose14 објави видео од безбедносната камера од детската соба на TikTok. Нејзиниот мал син Брејден, од предучилишна возраст, се шета низ креветчето иако веќе треба да спие.

Од безбедносната камера одеднаш одекнува гласот на неговата мајка: „Брејден, врати се во својот кревет“. Брејден е запрепастен од неочекуваниот звук кој како да излезе од никаде и се расплака.

Текстот во видеото гласи: „Прв и последен пат ја користам функцијата за разговор преку камерата. Од сега па натаму се плаши од камера“.

Видеото е прегледано речиси 15 милиони пати и има 28.000 коментари.

видеонадзорна камерародителство