Не мора да го правите ова: 10 анти-совети од развојниот психолог Дорса Амир

Дорса Амир е научник од Универзитетот во Беркли, која ги проучува начините на кои децата се развиваат и учат во различни култури ширум светот. Таа е и модерна мајка која, како и сите други, го чувствува огромниот притисок на кој се изложени модерните родители. Затоа на својот Твитер профил составила листа со анти-совети за родителите кои премногу се грижат дали прават доволно за своите деца.

  1. Не мора сè да биде едукативно! Што и да прават, децата СЕКОГАШ учат. Не мора да ги учите на букви или животински звуци.
  2. Не чувствувајте обврска постојано да ги подучувате на нешто. Учењето на децата преку директни инструкции е најретката форма на учење во историјата на човештвото. Децата можат да учат на други начини – со НАБЉУДУВАЊЕ. И тие се неверојатно добри во тоа.
  3. Во ред е да им е досадно и не мора постојано да ги забавувате и да смислувате нови активности за нив. Тие треба да научат да го прават тоа сами.
  4. Децата треба да искусат КОНФЛИКТИ, како што се несогласувања и кавги со врсниците. Обидете се да не се мешате за да научат сами да ги решаваат.
  5. НЕГАТИВНИТЕ ЕМОЦИИ не треба да се избегнуваат. Децата треба да ги запознаат и да научат да ги обработуваат. Целосно безгрижно детство без емоционални предизвици не е добра подготовка за животот.
  6. Не мора да бидете кул и интересен пријател на вашето дете. Слободно бидете само ЗДОДЕВЕН РОДИТЕЛ. Играњето со децата како да сте другари е крајно невообичаено за човечкиот вид.
  7. Вашиот живот и распоред не мора да се вртат околу желбите на вашето дете. Треба да се земаат предвид и желбите на ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО. Детето ќе биде совршено задоволно и кога ќе учествува во активностите на возрасните.
  8. Не мора да им купувате стотици ИГРАЧКИ. Децата можат да си играат со сѐ. Всушност, нивните омилени предмети се оние за возрасни.
  9. Децата сакаат да ги ИМИТИРААТ возрасните. Така учат. Вклучете ги во домашните работи и тие ќе уживаат во тоа.
  10. Човечкиот вид е посебен по својата неверојатна „пластичност“. Можеме да се прилагодиме на милион различни еколошки, културни и социјални околности. Тоа значи дека има милион различни начини да се биде човек и сите тие се ПОДЕДНАКВО ПРАВИЛНИ.
анти-советидецапсихолог