Неактивноста на децата влијае на здравјето на нивното срце кога ќе пораснат во млади луѓе

Новата студија покажала дека е поголема веројатноста дека неактивни тинејџери ќе имаат знаци на оштетување на срцето кога ќе пораснат во млади луѓе.

Тие откриле дека ова оштетување на срцето може да биде основа за срцев и мозочен удар подоцна во животот. Дури и децата со нормална тежина биле изложени на ризик.

Во новото истражување биле следени 766 британски момчиња на возраст од 13 години. Времето на седење било проценето со користење на паметни часовници со следење на активностите во текот на седум дена.

Децата на возраст од 11 години биле проценувани за да се види колку време се неактивни секој ден. Оваа проценка се повторила кога имале 15 години и повторно кога имале 24 години. Истражувачите направиле ултразвучни скенирања на срцата на постарите тинејџери и младите возрасни лица. Скенирањето било искористено за да се процени тежината на левата комора на срцето.
Зголемената лева комора е „силен предиктор“ за несакани срцеви проблеми во зрелоста и се користи како алатка за проценка на „предвремено оштетување на срцето“ кај децата и младите.

Просечното време поминато во седење се зголемило за шест часа кај 11-годишните и девет часа кај 24-годишниците, според студијата што ќе биде претставена на Конгресот на ЕСС во Амстердам.

„Родителите треба да ги охрабруваат децата и тинејџерите да се движат повеќе со тоа што ќе ги изнесуваат на прошетки и ќе им го ограничат времето поминато на социјалните мрежи и видео игрите“, вели авторот на студијата д-р Ендрју Агбаје од Универзитетот во Источна Финска.