Никогаш не треба да се спуштаме по лизгалка со дете во скут. Погледнете зошто (ВИДЕО)

Не е реткост во парк да се види возрасен како се лизга по лизгалка со дете во скутот, но еден татко предупредува дека никогаш не треба да го правиме тоа. Објавата на страницата на Инстаграм Caring Parent е конкретно наменета за новите татковци, но таа важи за сите родители.

„Не е безбедно да се спуштите на лизгалка со бебе во скут. Тежината на таткото може да му ја здроби и скрши ногата на бебето ако се заглави од страната на лизгалката“чот“, се вели во описот на видеото.

Ситуацијата за која предупредува оваа страница не е нова. Додека се спушташе по лизгалката со нејзината мајка во 2015 година, ногата на малото девојче Медоу се заглави, извртувајќи го нејзиното стапало во сосема погрешна положба. Утврдено беше дека девојчето имало скршеници на десната нога, па поминало четири недели со ногата во розев гипс.

Според Американската академија за педијатрија, повеќе од 350.000 деца на возраст под шест години биле повредени на тобоганите во САД од 2002 до 2015 година.