Нов тренд за барање име за бебето? Прошетајте низ гробишта

Барајќи име кое ќе им се допадне на сите, ако веќе си немаат некое кое го планирале цел живот за

своето дете, често родителите знаат да бараат идеја во оние црковни календари, во книгите или пак

прават анкета помеѓу сите што ги знаат, па го одбираат највпечатливото.

Не е лесно да се најде име за бебето што ќе пристигне, а понекогаш името ни доаѓа на ум на

најнеобичен можен начин, сосема ненадејно. Сепак, дали сте слушнале досега за ваков необичен

метод?

Кога бараме име за детето што толку желно го чекаме, или доаѓаме до разни идеи или не ни паѓа

на памет ништо интересно. Ако не знаете какво име да му дадете на вашето дете, тогаш користите

различни извори кои би можеле да послужат како инспирација. Бидејќи именувањето на бебето не

е мала работа и родителите имаат голема одговорност во ова прашање, понекогаш изборот

навистина трае долго, па инспирацијата ја барате на повеќе места, а идејата може да ви падне на

памет на најнеобичното место. …

На пример, на гробишта. Да, на гробиштата. Идните мајки специјално одат на гробишта за да

добијат инспирација за името на нивното бебе. А тоа, се чини, е сосема нов тренд. Тренд кој не се

грижи за никакво суеверие, тренд кој ве тера со задоволство да одите на прошетка на гробишта.

Идната мајка Хејли, која на Тик-Ток се нарекува со корисничкото име @hodgehouse и моментално е

бремена“, сподели видео од нејзината посета на гробиштата. Во текстот што го придружува

видеото, таа опиша зошто мисли дека токму ова место е добро место за избор на име за детето.

„Кога гробиштата ги имаат најубавите имиња, однесете го семејството да бара име за девојче“,

напиша Хејли, која веќе е мајка на три деца. Таа шета низ гробиштата и ги чита различните имиња

на надгробните споменици, а со неа е и нејзиното семејство, па нејзините деца се шетаат по

гробиштата, а на видеото е и нејзината ќерка која од една надгробна плоча го чита името „Ела“.


Во описот на видеото Хејли истакнува дека името на нејзината сестра исто така потекнува од нечија

надгробна плоча, па очигледно е семејна приказна… На крајот од видеото сите членови на

семејството ги читаат имињата од надгробните споменици, како на пример Салем, Вини, Виена ,

Олимпус и прекарот „Зајко“. Видеото, како што се очекуваше, собра повеќе од 2 милиони прегледи

за многу кратко време, а многумина во коментарите ја пофалија тактиката на оваа мајка да најде

име за своето бебе.

Впрочем, нели многу деца се крстени токму по имињата на нивните покојни баби или дедовци? И

во ова нема буквално ништо лошо.