Ways2help е дигитална платформа која е медијатор помеѓу донаторите и хуманитарните организации и социјално загрозените семејства. Од средства за операција до покуќнина, плаќање на сметки или работа за еден од членовите на социјално загрозените семејства.
Има многу начини за да им се помогне на оние на кои најмногу им треба помош, сметаат членовите на оваа платформа со благородни цели.
Еден од овие начини е и најновата акција „Донирај новогодишен подарок”.
„Нашата цел е оваа зима секое детенце да добие новогодишен подарок и топло да се радува во својот дом“, велат тие.
Целна група на оваа акција се 1000 дечиња од социјално загрозени семејства на возраст од 0-15 години.
Од Ways2help посочуваат што сѐ може да се донира:
– Играчки за најмалите
– Книги, енциклопедии, сложувалки
– Книги и друштвени игри за поголемите
– Новогодишно пакетче со храна
И сѐ останато што е чисто, употребливо и што може да им се најде.
Организаторите на оваа благородна акција препорачуваат секој подарок да биде спакуван во украсна кеса или завиткано во новогодишна хартија со ваша порака – може да пишува и за која возраст е наменето вашето пакетче.
Доколку не сте во можност да го завиткате – само пишете ни ливче да знаеме за која возраст е и ќе го спакуваме ние, порачуваат од Ways2help.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.