Од оваа година се раѓаат деца од генерацијата Бета: Кои 4 особини би можела да ги има новата генерација?

Генерација X, генерација Z, генерација Алфа… И сега, дами и господа, на сцена стапува Бета генерацијата.

Да, ако станете родители во оваа и следните неколку години, вашето дете ќе биде дел од Бета генерацијата. Ова е утврдено, верувале или не, со истражувањето спроведено од австралиската истражувачка компанија McCrindle, позната по својата работа на дефинирање генерациски ознаки врз основа на годините на раѓање.

Бебињата родени меѓу 2025 и 2039 година, според нивните резултати, ќе припаѓаат на оваа генерација која е во настанување.

Згора на тоа, според ова истражување, до 2035 година, бета генерацијата ќе сочинува 16 отсто од светската популација, а многумина ќе живеат во 22 век.

Секоја од претходните генерации има некои свои карактеристики по кои ги препознаваме нејзините членови. Значи, што можеме да очекуваме од Бета генерацијата?

Еве какви би можеле да бидат децата од новата генерација.

Усмерени кон заедницата

Бета генерацијата ќе биде посветена на заедницата и на заедничката работа за општото добро. Бидејќи пораснале со климатските промени, како и со промените на глобалната популација, директна последица од ова би можело да биде дека децата од генерацијата Бета веројатно ќе пораснат разбирајќи ја важноста на соработката и акцијата на заедницата, велат упатените.

Ќе бидат свесни дека соработката е неопходна – на училиште, на работа или во општеството целта ќе биде заеднички напредок.

„Ова ќе резултира со тоа што генерацијата Бета ќе биде повеќе глобално ориентирана, фокусирана на заедницата и соработката отколку порано“, се вели во истражувачката статија на McCrindle.

Иновативни
Ние сме во време на брз технолошки напредок, а одржливоста ни е исклучително важна, така што иновациите ќе бидат многу важни за генерацијата Бета.

Оваа генерација постојано ќе размислува како да го направи светот подобро место. Значи, кога велиме дека светот пжим останува на младите, тоа ќе има уште поголема тежина.

Генерацијата Бета располага со поразновидни ресурси и технологии – да ја земеме како пример само вештачката интелигенција – од кога било досега, па затоа не е лудо да се претпостави дека ќе не однесе таму каде што не сме биле досега.

И креативноста нема да им недостига! Генерацијата Бета сигурно ќе остави свој белег на светот со нивната желба да го подобрат тој свет преку иновации.

Хиперповрзани

Често спомнуваме дека денешните деца се повеќе поврзани од кога било досега.

Но, почекајте додека не ја видиме бета генерацијата!

Оваа генерација ќе порасне во средина каде што веќе сме целосно поврзани на сите можни начини, каде што дигиталниот свет е продолжение на нашето секојдневие.

Следниот бран на технолошки напредок, веруваат истражувачите, незабележливо ќе се интегрира во начинот на кој оваа генерација комуницира со светот, така што ќе биде генерација „обликувана од свет заситен со технологија“.

Границите меѓу физичкиот и дигиталниот свет ќе бидат се помалку забележливи.

Свесни за индивидуалноста

Социјалните врски на Бета генерацијата ќе бидат обликувани со сеприсутното влијание на технологијата, но она што ќе биде поинаку е тоа што тие исто така ќе посветат големо внимание на изработката на безбедни, смислени дигитални идентитети, а истовремено ќе одржуваат силно чувство за индивидуалност и во дигиталниот простор, како и во реалните интеракции.

Оваа генерација ќе порасне со родители кои ја разбираат важноста и значењето на дигиталното поврзување, а истовремено се свесни за потенцијалните стапици на технологијата, така што генерацијата Бета веројатно ќе порасне со силно чувство за идентитет.

„Предвидуваме дека генерацијата Бета ќе отелотвори рамнотежа помеѓу хипер-поврзаноста и личното изразување“, се вели во извештајот од истражувањето.

Бета генерацијанова генерација децародени во 2025