Од зачнување до втората година од животот на вашето бебе

Првите 1.000 дена од животот на детето се „критичен период на можности и исходи“, се вели во соопштението на Филипинското педијатриско здружение (PPS), како што пренесува Smartparenting. Тие објавија препораки кои го опфаќаат времето од зачнувањето до втората година на детето. „Првите 1.000 дена се период кога детето има зголемени нутритивни потреби за поддршка на забрзаниот физички раст и ментален развој“, се вели во соопштението.

Витинска исхрана во вистинското време може да има значително влијание врз способноста за учење и раст на детето, еве ги нивните препораки:

Следете ги препораките на вашиот лекар за земање витамини и минерали.

Соодветната исхрана е неопходна за растот на бебето во мајчината утроба. PPS препорачува бремените жени да земаат додатоци кои вклучуваат железо, фолна киселина и калциум.

Фолната киселина помага да се спречат вродени дефекти, како што се дефекти на невралната туба, спина бифида и мозочни дефекти како што е аненцефалијата. Калциумот е потребен за раст на коските на бебето и го намалува ризикот од прееклампсија кај мајката. Железото, од друга страна, ја спречува анемијата и ниската родилна тежина кај бебињата.

Погрижете се солта што ја користите да содржи јод.

„Јодот е од суштинско значење за здрав развој на мозокот на фетусот и доенчињата. Потребите од јод на жената се зголемуваат за време на бременоста бидејќи соодветни количини се потребни и за развој на фетусот“, велат од Светската здравствена организација.

Одете на редовни прегледи

Бремените жени треба да го посетат својот лекар најмалку четири пати доколку нивната бременост е нормална и без компликации.

Сечење на папочната врвца

Почекајте една до три минути пред да ја исечете папочната врвца, препорачува PPS. Дополнителниот проток на крв од плацентата се покажало дека има придобивки за бебето. Зголемено ниво на хемоглобин (црвени крвни зрнца) при раѓањето, го подобрува нивото на железо и спречува анемија во првата година од животот и многу повеќе. Истите препораки ги дава и Американскиот колеџ за акушери и гинеколози.

Кенгур нега

Како и многу други организации, PPS препорачува контакт кожа на кожа. Ова вклучува ваков контакт веднаш по раѓањето и во кратки периоди во текот на денот и ноќта. Кенгур-негата го промовира и доењето, поврзувањето помеѓу мајката и детето, што ја зголемува заштитата на новороденчето од инфекции.

Постнатални прегледи

Многу е важно да се направат сите прегледи по раѓањето на детето, но важно е и мајката да прави редовни контроли по породувањето.

Доите онолку долго колку што можете

Недостатокот на квалитетна исхрана во првите 1000 дена може да доведе до застој во растот и неухранетост. Оваа организација препорачува доење и навремено воведување цврста храна. Тоа обично значи ексклузивно доење во првите шест месеци, по што се воведува цврста храна.

На детето му се потребни сите потребни витамини и минерали за неговата возраст

Разговарајте со педијатарот на вашето дете за витамини и минерали соодветни за нивната возраст. PPS препорачува дози на витамин К за новороденчиња за да се намали крварењето во првите недели од животот. Исто така, железото и витаминот А го намалуваат ризикот од дијареа и недостаток на железо. Цинкот се препорачува за деца со умерен или висок ризик од респираторни инфекции.