Ова е храна која никогаш не треба да им ја подгреваме на децата

Иако за децата е најздраво секогаш да јадат свежо приготвени оброци, понекогаш е неизбежно некое јадење брзо да се подгрее. Сепак, како што пренесува Инсајдер, подгревањето на одредени намирници може да биде исклучително штетно за здравјето на детето, па експертите советуваат дека е најдобро да се избегнува.

Компири и ориз
Како што пренесува Индепендент, проблемот со подгревањето на компирот всушност не е во процесот на загревање во микробранова или во рерна. Ако варените компири се ладат предолго на собна температура, може да се формираат бактерии кои предизвикуваат труење. Имено, подгревањето на компирот не го загрева доволно добро за да ги убие настанатите бактерии, дури и ако јадењето изгледа жешко. Ако не сте ги ставиле во фрижидер компирите веднаш по послужувањето, не ризикувајте труење со храна со загревање следниот ден. Истото е и со оризот.

Зеленчук како морков или спанаќ
Експертите предупредуваат да избегнувате загревање на моркови, спанаќ и кој било друг зелен лиснат зеленчук. Имено, зеленчукот богат со нитрати кога повторно ќе се загрее може да стане токсичен, ослободувајќи канцерогени својства.

Печурки
Според Европскиот информативен совет за храна, подгревањето на печурките е голема грешка. Имено, печурките се чувствителна храна и содржат протеини кои ензимите и бактериите можат да ги „оштетат“ доколку не се чуваат правилно, на пример ако се остават предолго на собна температура. Печурките се расипуваат од подгревањето, па тоа воопшто не се препорачува, советуваат нутриционистите. Доколку морате повторно да ги загреете, Европскиот совет препорачува да ги загреете на најмалку 70 степени.

Мајчиното млеко и храна за бебиња
Иако мајчиното млеко и детската храна може да се загреваат, експертите предупредуваат дека никогаш не треба да ги загреваме во микробранова печка. Регистрираната диететичарка и нутриционист Сузи Гарсија изјавила за Bustle дека микробрановите печки можат нерамномерно да ја загреваат храната, што резултира со изгореници на и онака чувствителните усти и грла на децата. Повторното загревање во загреана вода на шпоретот е многу подобар начин.

Што друго не треба да загреваме?
Експертите велат дека не треба повторно да го загреваме пилешкото, морските плодови и храна која содржи јајца. Најдобро е да ги јадете свежо подготвени бидејќи подгревањето доведува до промена на структурата на протеините во нивниот состав, што може да резултира со дигестивни проблеми или труење, пренесува Insider.