Терапевтот за деца Џошуа Терхун објави видео на профилот на TikTok @kintsugi_counseling во кое откри осум симптоми на АДХД кај малите деца. Како што објасни, ова нарушување на хиперактивност и недостаток на внимание обично се дијагностицира околу седмата година од животот на детето, иако некои симптоми се видливи многу порано.
Како што нагласува д-р Терхун, кај некои деца АДХД може да се дијагностицира на четиригодишна возраст, иако тоа е нешто поретко. Токму реакцијата на првичните предупредувачки знаци може да помогне во полесно и побрзо препознавање и на тој начин детето полесно да се справи со својата дијагноза.
Во објавата која брзо стана вирална, терапевтот истакна дека детето со АДХД има видливи симптоми како што се чести изливи на бес (тантруми) кои траат подолго од 15 минути, агресивност додека си игра со врсниците, проблеми со концентрацијата, проблеми со извршување на одредени задачи или активности, склоност брзо да се откаже, тешко прифаќање на промени и чести повреди поради голема хиперактивност или разиграност.
Друг показател дека детето можеби има АДХД е тоа кога родителите често знаат, несвесно или свесно, да избегнат одредени ситуации бидејќи се плашат како нивното дете ќе се однесува, објаснува тој.