Петтата година е голема пресвртница. Детето веќе не е мало и таа транзиција дава можност за поголема независност и одговорност. Ова е совршено време да го научите вашето дете некои основни, но важни информации.
Децата под пет години можат да ги следат упатствата кога се во опасност, а по петгодишна возраст почнуваат да ги разбираат причините поради кои постојат безбедносни правила. Тоа значи дека тие можат да ги разберат последиците од пркосењето на истите.
Според педијатарот Кристина Џонс, ова се пет клучни работи кои секое петгодишно дете треба да ги знае.
Основни лични податоци
Петгодишно дете треба да ги знае имињата и презимињата на неговите родители, како и адресата и местото или градот во кој живее. Конечно, телефонскиот број или мобилниот број на еден од родителите исто така спаѓа во категоријата лични податоци.
Користењето на мелодија што децата веќе ја знаат може да ви помогне да го научите вашето дете важни детали, како и да ги запомнат.
Што да направат ако се изгубат
Ако некое дете се изгуби, треба да бара други возрасни со деца и да побара помош од нив, тврди д-р Џонс. Ако не можат да најдат такви, научете ги да бараат униформирана личност, како полицаец или работник во продавница.
Да не се отвора вратата без возрасен
Петгодишниците ќе се возбудат кога ќе го слушнат ѕвоното, но треба да им се објасни дека вратата можат да ја отворат само ако има возрасен со нив, бидејќи тој од другата страна може да биде странец, а тие не можат да знаат дали е доверлив.
Вршење едноставни работи
Кога децата ќе наполнат пет години, може да забележите дека ви нудат помош за одредени работи што ги правите. Одлично е да ги вклучите децата во домашните работи и да им дозволите да се чувствуваат горди кога ќе завршат некоја задача. Важно е да го научите детето да ги знае границите. На пример, во ред е да се постави маса, но ракувањето со ножевите треба да им се препушти на возрасните.
Да се повика брза помош
Петгодишните деца треба да знаат како да повикаат брза помош. Затоа е важно да го знаат кодот за отклучување на вашиот мобилен телефон и како да се јават на бројот за итни случаи и да побараат помош. Исто така, важно е да разговарате со детето кога повикувањето помош е оправдано.