Овие знаци покажуваат дека на детето му недостасува самодоверба

Мајките и татковците често мислат дека фалејќи ги своите деца им ја зголемуваат самодовербата, но понекогаш тоа не е доволно. Честопати, колку и да се трудат родителите да ги поддржат своите деца во сè, да ги бодрат и да ги разведруваат, тие во одреден момент ќе се чувствуваат несигурни.

Токму затоа задача на секој родител е да препознае кога на неговото дете му треба охрабрување и кога е потребно да му се врати разнишаната самодоверба. Ако вашето дете ги прави овие работи, треба да реагирате.

  1. Не може да прифати ниту критика, ниту пофалба
    Дури и конструктивната критика може лошо да влијае на детето кое не е сигурно во себе, но ништо не е подобро од пофалба. Децата со ниска самодоверба не можат да прифатат комплимент, бидејќи мислат дека тоа не е вистина. Тие обично одговараат на пофалбите со несогласување, вртење на главите или превртување на очите (во некои случаи на сите три начини).
  2. Избегнува секаков предизвик
    Дали вашето дете избегнува задача без воопшто да се обиде да ја реши? Дали се откажува на првата пречка? Ова обично укажува на страв од неуспех, кој произлегува од несигурноста и ниската самодоверба.
  3. Не се дружи со врсниците
    Иако дружељубивоста не е карактеристика на секое дете, срамежливоста може да биде знак за поголем проблем. Ако детето избегнува дружење со врсниците, тоа може да значи дека се грижи што ќе кажат другите или што ќе направат за било што. Оваа особина може да се појави и од нигде никаде, па затоа внимавајте ако има промени, дали вашето дете се дружи со пријателите или повеќе не ужива во активностите што порано ги сакал.
  4. Самокритично е
    Понекогаш родителот може да забележи дека детето е самокритично, но понекогаш тоа не е толку очигледно. Иако негативноста е особено изразена во тинејџерските години, малите деца се исто така подложни на ниска самодоверба. Ако вашето дете често има лоши коментари на сметка на својот изглед, интелигенција или личност, време е да го пофалите.
  5. Ги малтретира своите врсници
    Често се смета дека насилниците „пукаат“ од самодоверба. На крајот на краиштата, тие одат со кренати глави и не им е грижа што мислат другите. Сепак, повеќето од нив се однесуваат вака токму затоа што сакаат да ја сокријат својата несигурност и недостаток на самодоверба.
децапсихолозисамодоверба