Често мајките го носат товарот на многу проблеми на својот грб. Станува збор првенствено за ментални оптоварувања, како што се помагање на децата во училишните обврски и задачи и планирање квалитетно време со семејството. Но, мајките често носат и физичка тежина. Носење бебе, торби за пелени, разни додатоци потребни за да го поминете целиот ден со децата и слично. Пантомимичар му одржа лекција на еден млад татко во ваква ситуација и заработи овации од публиката
На TikTok се појави видео кое на хумористичен начин и многу кратко и едноставно прикажува колку може да им биде тешко на мајките, како и дека татковците понекогаш не се свесни за тоа. Камерата фатила пантомимичар како го кара младиот татко затоа што не и` помогнал доволно на партнерката, а луѓето кои биле во близина реагирале со ентузијазам.
Еден TickToker по име Ернест бил зад камерата и снимил видео кое собра над 12 милиони прегледи.
„Бев на одмор во SeaWorld во Орландо, Флорида и ова се случи“, напишал Ернест. На краткото видео се гледа како луѓето влегуваат во арената за да гледаат шоу со фоки. Има пантомимичар кој ја забавува публиката додека луѓето полека се собираат. Во еден момент забележал жена која со левата рака држи бебе, а на десното рамо поголем и навидум тежок ранец.
Пантомимичарот со гестикулации ги прашува мажот и жената дали се заедно и тие кимнуваат со главата. Потоа тој го зема ранецот од рамото на жената и му го подава на мажот, а смеата и аплаузот ја исполнуваат арената. Пантомимичарот потоа ја потапка жената по грбот и таа се насмевнува, додека нејзиниот партнер е посрамотен иако ја прифати целата ситуација.
„Јави ми се”, пантомимичарот уште еднаш упати сочувствителен гест кон жената покажувајќи и да го повика, на што насобраните повторно реагираа со смеа.
„Тој рече МНОГУ без збор“, коментира едно лице.
„О, сигурно се скарале после ова“, додава друг, додека пак трет претпоставува: Сигурен сум дека ја прашал – дали сакаш да ја носам таа торба? А таа му рекла: „Не, можам јас“.