Педијатарка споделила рецепт за домашен сируп против кашлица

Педијатарката Нив Линч објавила видео рецепт за домашен сируп против кашлица на Инстаграм, наведувајќи дека е „безбеден и ефикасен за децата“.

Станува збор за смирувачки напиток кој содржи мед, за кој др. Линч вели дека е докажано ефективен како и лековитите сирупи за кашлица кај децата.

Покрај тоа, содржи каранфилче кое има „антибактериски“ и „анестетички“ својства и помага при болки во грлото.

Еве како да го приготвите сирупот:

Потопете неколку каранфилчиња во врела вода и оставете ги 5 до 10 минути. Во друга шолја исцедете ја водата во која стоеја каранфилчињата. Додајте 1-2 лажички мед и добро измешајте. Изладете го доволно за детето да може да се напие.

Доколку сакате, можете да додадете малку сок од портокал или лимон за подобар вкус.

Педијатарката наведува дека рецептот е само за деца постари од една година бидејќи медот може да предизвика ретка, но сериозна болест позната како инфантилен ботулизам кај бебиња помлади од 12 месеци.

Покрај тоа, таа советува да се консултирате со лекар ако симптомите продолжат или сте загрижени за вашето дете.

домашен сирупкашлица