Пет реченици со кои можете да му одговорите на вашиот дрзок тинејџер?

Пубертетот е вистински ураган од емоции, во тоа нема сомнеж.

Знаеме како е, затоа што еднаш го поминавме.

Знаеме дека понекогаш не е лесно да се справиме со сите овие промени и дека понекогаш оние кои минуваат низ тоа реагираат поради истите тие бурни емоции, па често им прогледуваме низ прсти.

Но, знаеме и дека мораме да поставиме некои граници и да не дозволиме баш сѐ…

Превртување очи, вртење грб, удирање по вратата и тој дрзок одговор кога ќе им кажеме нешто… сето тоа може целосно да не полуди!

Тогаш често и кај нас работите не одат мазно, туку нашите емоции едноставно избиваат од нас и се случува вистинска мала вулканска ерупција.

И ние навистина не го сакаме тоа.

Се разбира, понекогаш тоа не функционира на друг начин освен едноставно да викнете: „Оди во својата соба!“

Но, со малку контрола, можете да се обидете да ги усогласите работите и да ја смирите ситуацијата. Д-р. Кимберли Палмиото, психолог, а воедно и училишен психолог, на својот профил на Tик-Ток објави видео во кое предлага 5 реченици кои можете да ги кажете кога тинејџерот или дете на работ на пубертетот ќе ви даде арогантен или навредлив одговор.

Еве ги 5-те реченици кои ги предлага таа:

„Обиди се повторно, те молам“.
Ова е толку лесно! Оваа реченица најдобро ќе делува кога ќе ве обземе лутина или ќе бидете повредени поради сето она што вашето дете штотуку ви го кажало и поради тоа не можете да дојдете до никаква значајна комуникација.

Оваа реченица навистина добро функционира кога на детето технички му треба нешто или „моли“ за нешто, а всушност повеќе звучи како барање.

„Можеш да бидеш фрустриран/лут, но кога вака зборуваш со мене – не те слушам“.

На овој начин ќе ги потврдите чувствата на детето и ќе му дадете до знаење дека не се обидувате да го присилите да ги промени емоциите или да ги сокрие.

Вие едноставно барате почит додека тој зборува за овие чувства.

„Твојата порака се губи поради твојот тон“.

Заповедниот или навредливиот тон на разговор не е во ред.

Но, сите знаеме дека реалноста и секојдневјето се нешто сосема поинакво, каде што начинот на кој нешто кажуваме е често поважен од она што всушност го кажуваме.

Овој потсетник ќе помогне да се запре и да се смени непријатниот тон што може да го имаат децата на оваа возраст.

„Не знам дали токму така имаше намера да одговориш, но не беше добро“.

Ова е одличен начин да му дадете на вашето дете шанса повторно да размисли и да одговори. Вистина е, понекогаш сакаат намерно да ве повредат, но во принцип, обично станува збор за тоа дека ги совладуваат емоциите.

Изразувајќи ги овие чувства, тие кажуваат болни работи што всушност не ги мислат.

Не е секогаш лесно да се направи разлика.

Во секој случај, важно е да го предупредите вашето дете кога ќе каже нешто навредливо.

Ова им дава шанса да го решат тоа со вас, но исто така ги прави посвесни за тоа колку може да бидат штетни нивните одговори.

„Ми се чини дека ова навистина те вознемири. Можеби ќе биде подобро ако направиме пауза“.

Тајм аут или „ладење“ по голема кавга е важно во секој однос.

Кога нашите емоции пламнуваат, лесно е да кажеме работи што не ги мислиме.

Ваквиот одмор им дава шанса на двете страни да здивнат, да размислат за сè, а можеби дури и да ги споделат своите размислувања со некој друг, кој не е вклучен во ситуацијата и може да даде поинаква перспектива на работите.

дрзок одговорродители-тинејџеритинејџер