Петгодишна мајсторка за паркирање (ВИДЕО)

Шенон Фицџералд ги воодушевила корисниците на Тик-Ток со видеото од нејзината петгодишна

ќерка Ерин Дороти.

Имено, Шенон го замолила девојчето да го паркира нејзиниот розов автомобил, но не го очекувала

тоа што го направило девојчето, односно начинот на кој го паркирала автомобилчето.

Петгодишното девојче го паркирала својот автомобил до ѕидот од куќата, возејќи во рикверц.

Од објавувањето, ова видео е прегледано повеќе од пет милиони пати на Тик-Ток, а малата Ерин

Дороти импресионирала многумина со своите вештини на толку рана возраст.

„Има само пет години, но веќе вози како вистински професионалец“, „Подобро вози во рикверц од

мене“, „Дали може да ме научи да возам? Изгледа дека знае што прави“, се дел од коментарите под

видеото.

девојчепаркинг