Поглед од трудничкиот стомак: Има работи кои на бебето баш и не му се допаѓаат

Иако бременоста е период во кој повеќето бремени жени уживаат, бебињата можеби „негодуваат“ поради некои активности на мајката, но не можеме да ги слушнеме.

Доаѓа нов живот… Да, тоа е причината секоја трудница да биде среќна и оној момент кога ќе се појават две линии на тестот за бременост, како да ѝ се менува погледот на светот. Хормоните почнуваат да делуваат, а идната мајка „го подготвува гнездото“.
Но, во утробата се развива личност која, иако е заштитена во безбедноста на матката, сепак го перцепира околниот свет.

Ги чувствува движењата на мајка си, икањето, реагира на одредени видови храна и пијалаци кои мајка му ги консумира, чувствува допир, слуша надворешни звуци како и звуците на телото на мајка му и почнува да го препознава нејзиниот глас.
И, веројатно не реагира на секоја промена подеднакво. Дали некогаш сте се запрашале дали бебето се вознемирува или дури на некој свој начин негодува на некои активности на мајката, кои можеби го будат од сон, или доколку е мајката многу вознемирена, исто така добива наплив на адреналин. Тимот од Mom Junction се запрашал и за оваа страна од животот на бебето во утробата и еве ги нивните претпоставки (не научно докажани, не можат научно да се докажат, а новороденчето не може да раскаже како било во утробата на мајката) кои се интересни за размислување и може да имаат некоја логика.

Кога мајката интензивно се смее!
Веројатно се работи за такво смеење кога се чувствувате како да ќе се „измочате“ од смеење. Бебето тогаш веројатно се чувствува како одеднаш да е катапултирано од мирна пловидба на трамболина и тоа, не по своја волја, прави акробации. На бебињата, кои не се авантуристи, ова секако не им се допаѓа многу, особено ако ги разбудите од дремката.

Те боцкам, само проверувам каде си!
Во последното тримесечје бебето е веќе големо, а мајките умираат од желба да дознаат каде им се рацете, каде им се нозете, дали бебето се свртело… Бебето сака кога го галите и го допирате стомакот, но не сака кога ги боцкате прстите во стомакот за да испитате каде е. Можеби му го нарушувате мирот.

Ненадејни и гласни звуци
Умерената јачина на музиката делува благотворно и иако повеќето звуци кои стигнуваат до матката се пригушени, некои се со таква фреквенција што можат многу да го вознемират бебето. Не можеме да гарантираме дека првиот ред, веднаш до звучниците, на концертот нема да го вознемири вашето малечко, како и долгиот престој покрај бучното градилиште.

Бебето исто така чувствува стрес
Мајката ги пренесува своите чувства на бебето. Ако сте вознемирени, под преголем стрес, нивото на вашите хормони се менува, што влијае и на бебето. Затоа, доколку чувствувате дека сте под стрес, долгата прошетка, медитацијата, вежбите за дишење можат да ве вратат во рамнотежа.

Дали ви е тешко да се наместите за спиење?
Како што бременоста напредува и стомакот станува сè поголем, станува тешко да се прилагоди на идеалната положба за спиење. Секако, сè ви пречи, во текот на ноќта неколку пати станувате на мочање… Но постојаното вртење во креветот веројатно го вознемирува бебето. Ако бебето одмара или спие, наглите движења може да го „исфрлат“ од ритам. Обидете се да се вртите полека, свесни дека заедно со вас се врти и друга личност.

Луто, луто…
Бебето ја вкусува храната што ја јадете преку плодовата вода. Избегнувајте многу зачинета храна, особено лута храна. Секој пат кога ќе јадете нешто луто, бебето ќе почне да се врти и силно да ве удира. Можеби тоа ви кажува нешто?

НЕ за депресивни мисли
Како што гневот или анксиозноста влијаат на телото, така и депресивните мисли испраќаат одредени сигнали кои не го заобиколуваат бебето. Обидете се да избегнете да се чувствувате тажно или депресивно бидејќи тоа исто така ќе влијае на вашето бебе. Докажано е дека бебињата плачат во утробата.

Не сака кога сте гладни!
И гладот ​​влијае на бебето. Ќе забележите дека кога сте гладни, бебето во стомакот исто така реагира со движења. Затоа, кога чувствувате глад или желба за одредена храна, јадете (но умерено) бидејќи и на станарот на вашата матка му е потребна енергија за раст и развој.

bremenostmajkaбебематка