Погледнете кои неочекувани симптоми укажуваат на фрактура на черепот кај децата (ВИДЕО)

Кога детето ќе падне на глава или ќе се повреди на некој друг начин, родителите треба да внимаваат на симптомите што може да се појават.

Лесна повреда на главата предизвикува повраќање, бледило, раздразливост или поспаност, без губење на свеста или какви било непосредни докази за повреда на мозокот. Во случај симптомите да траат подолго од 6 часа или да се влошат, лекарот треба да продолжи да го прегледува детето и да утврди дали станува збор за сериозна повреда, се вели во Медицинскиот прирачник за пациенти.

Тешка повреда на мозокот може да вклучи фрактура на черепот. Медицинската сестра Ники Јуркуц на нејзината едукативна страница Tiny Hearts Education покажува дека фрактурата на мозокот може да се препознае по симптоми како што се крвав подлив зад увото или околу очите.

„Ова може да биде знак за фрактура на основата на черепот“, предупредува таа со видеото што можете да го погледнете подолу.

мозоксимптомифрактура на череп