Кога олимписките спортисти како пливачот Мајкл Фелпс и познатите личности како Гвинет Палтроу се свртеа кон cupping – форма на традиционална кинеска медицина – додека во исто време гордо тврдеа дека помага при ублажување на болката и за заздравување, терапијата експоненцијално раснеше во популарност.
Како што наближуваат Зимските олимписки игри 2022 година, сè поголем број спортисти на светската сцена се шетаат со црвено-кафени кружни точки на грбот. Изненадувачки, уште една група на луѓе би можела да ги доживее придобивките од т.н. cupping. Имено, некои експерти веруваат дека тој третман би можел да им помогне на мајките кои дојат.
Што е cupping?
Тоа е техника на традиционалната кинеска медицина со која на телото се нанесуваат загреани стаклени чаши. Како што чашите се ладат, тие создаваат вакуум со повлекување на кожата и мускулите во чашата, оставајќи модринка.
Но тие не се непознати и кај нас. Дома, како наследство од баба ни, ги имаме тие стаклени чашки кои таа понекогаш ги редела на грбот на дедо ни и н други кои имале потреба.
Според Едзард Ернст, почесен професор по комплементарна медицина на Универзитетот во Ексетер и практичар за cupping, овој посебен метод помага при болка и други медицински проблеми со тоа што влијае на енергијата во вашето тело. Во интервју за The Conversation, Ернст објаснил дека „ cupping одамна постои во многу култури, вклучително и Кина, наводно за да го стимулира протокот на енергија во телото“.
Баба ни ги користела чашките за извлекување на настинката.
Како може овие чашки да помогнат при доењето?
Студиите кои ја испитуваат ефикасноста на чашките за зголемување на снабдувањето со млеко или ублажување на болката за време на доењето се ретки. Иако едноставно нема многу цврсти истражувања за да се покаже дека овие чаши делуваат на зголемување на снабдувањето со млеко, оваа практика е нешто што дулата и едукторка за раѓање Сара Лион за Ромпер вели дека може да помогне да се ублажат некои проблеми со доењето.
Дали се безбедни за мајките што дојат?
Следното прашање што може да си го поставите за процесот за време на доењето е дали е болен или не. За жал, чашките може да му наштет на човек, но кога го прави тоа искусен практичар, не би требало да биде штетно.
Според Меѓународната асоцијација за терапија со чашки (International Cupping Therapy Association), мајките кои дојат и кои би сакале да одат на ваков третман, всушност мораат самите рачно да се масираат и да го измолзуваат млекото неколку дена по секој третман, поради потенцијалните токсини што третманот може да ги ослободи во мајчиното млеко.
Исто како и другите модерни медицински третмани поддржани од професионални спортисти, ефективноста и безбедноста на чашките додека доите е дефинитивно нешто за што треба да разговарате со вашиот лекар.