Прапрабабата Рут Феар го прославила својот 110 роденден на почетокот на декември, но не била сигурна колку години има. Таа го одбележала големиот ден опкружена со пријателите и семејството, а кога нејзината внука, 47-годишната Тери Трајан, ја прашала колку години има, Рут одговорила дека нема поим.
Кога ја известиле дека тој ден наполнила 110 години, таа била видно изненадена. Но, и покрај нејзината напредна возраст, Феар е релативно бистра и генерално не е заборавна, изјавило нејзиното семејство за South West News Service.
„Понекогаш ќе заталка затоа што возраста ѝ влијае на нејзината меморија, но кој може да ја обвини“, вели 27-годишната Алиса Луго, мајка на нејзиниот најмлад потомок, тригодишниот Џулијан Луго, чие раѓање ја одбележало петтата жива генерација во семејството.
Алиса додава дека иако можеби повеќе не се сеќава на сите детали, Рут живеела исклучително исполнет живот и е прекрасна мајка, баба и пример за своите деца и за децата на нејзините деца.
„Рут мина низ две светски војни, Големата депресија и сега, низ оваа глобална пандемија. Таа нема деменција, само понекогаш е малку збунета, но горе-долу е своја цело време. Нејзината реакција кога дозна дека има 110 години е непроценлива и тоа е видео што ќе го чуваме засекогаш“, рекла Алиса.