Престанете да им кажувате на децата да ja средат собата! Со неколку трикови, чистењето може да стане побрзо, полесно, па дури и забавно!

Дали средувањето на детските играчки често ви изгледа како битка на која ѝ нема крај? Па уште и кога треба да ги наговорите децата да ви помогнат – е дури тоа е вистински предизвик.

Но, со неколку паметни трикови, чистењето може да стане побрзо, полесно – па дури и забавно!

Но, една мајка на три деца можеби го пронашла тајниот рецепт за успех! Сузи Алисон, едукатор и автор на профилот Busy Toddler, тврди дека клучот е на децата да им се дадат јасни, конкретни задачи наместо нејасни команди како „Оди среди ја собата!“

Еве ги нејзините четири генијални методи кои можете да ги испробате веднаш:

Со помош на броевите
„Твоја задача е да собереш 14 работи“.
Зошто ова помага? Децата точно знаат што се очекува од нив – имаат цел и јасна одговорност.
Кога да го пробате? Одличен метод кога сите се вклучени во чистењето или ако вашето дете сака да брои.

Една специфична задача
„Твоја задача е да ги собереш сите коци на едно место“.
Зошто ова помага? На детето му дава јасен почеток и крај, што му го олеснува целиот процес.
Кога да го пробате? Кога има куп играчки расфрлани насекаде – фокусирањето на еден вид го намалува хаосот.

Сортирање по боја
„Твоја задача е да ги собереш сите зелени играчки“.
Зошто ова помага? Чистењето го претворате во забавна игра – вистински мал лов на богатство!
Кога да го пробате? Ако вашето дете сè уште не знае да брои, но сакате да ви помогне.

Забава и танцување
„Ова е средување со една песна. Ајде да видиме колку можеме да собереме пред да заврши!”
Зошто ова помага? Чистењето го претвора во игра и трка со времето. Децата знаат дека брзо ќе завршат, па затоа е полесно да ја прифатат задачата.
Кога да го пробате? Кога немате многу време и сакате брзо да го исчистите нередот.

Кој метод би го испробале најпрвин?