Природна помош за неплодност: Еве што може да им помогне и нему и неа

Од медицинска гледна точка, двојката се смета за неплодна ако нема зачнување по редовен незаштитен однос за време на овулацијата една година или повеќе. Жената исто така се смета за неплодна ако има потешкотии во одржувањето на целата бременост. Народната медицина нуди лековити растенија и препарати како природни помагала за неплодност кои ја зголемуваат шансата за зачнување.

Генерално, одговорноста за неплодност е рамномерно распределена помеѓу мажите и жените: во 40% од случаите проблемот е кај жената, во 40% кај мажот, додека во 20% од случаите проблемот го имаат и двајцата.

Природна помош за жените
Растението коноп (Vitex agnus-castus) им помага на жените кои имаат неправилни менструации и чии јајници не произведуваат јајца секој месец. Земајте 175 мг секое утро додека менструацијата не се врати во нормала или направете си тинктура: прелијте 100 г семе од коноп со 500 мл 50-70% алкохол. По 3 недели, процедете ја низ филтер-хартијата и истурете ја тинктурата во темни стаклени шишиња кои треба да се чуваат на темно и ладно место. Во текот на неколку месеци, земајте 25-50 капки 3 пати на ден, измешани во половина чаша вода.

Фолната киселина е важна за здрава бременост. Земајте 400 микрограми на ден.

Валеријана или позната и како мацина трева или очајница е најпопуларната билка за лекување на стерилитет кај жените, се користи во вид на чај, кој најдобро се засладува со мед.

Вирак или вркута е најдобриот хербален избор за лекување на неплодност. Дејствува како одличен регулатор на хормони, го стимулира растот на прогестеронот и доведува до поредовна менструација, што е многу важно при обидот за зачнување. Исто така, ефикасно е за намалување на килограмите и помага при полицистични јајници.

Билката вирак може да помогне и при слаба матка и да ја заштити трудницата од спонтан абортус со зајакнување на матката.

Природна помош за мажи
Л-аргинин: Оваа амино киселина помага да се зголеми бројот на сперматозоиди. Во една студија, 74% од 178 мажи имале значително зголемен број на сперматозоиди и подобрена подвижност по земањето L-аргинин. Земајте 2000 мг два пати на ден на празен стомак.

Инаку, аргининот се содржи скоро во секоја храна, но најзастапен е во онаа каде што доминираат протеините како што се месото, рибата и млекото.

Како суплемент (додаток во исхраната) е препорачлив за конзумирање кај оние личности, на кои од различни непознати причини им е намалена концентрацијата на Л-Аргинин во органзимот, како и кај оние личности кои сакаат периодично да ги подобрат нивните психофизички перформанси за да достигнат некоја одредена цел како што е, меѓу другите, од типот на нормализирање на крвниот притисок, на шеќерот во крвта, подобрување на имунитетот, зајакнување на мускулатурата, итн, се препорачува за подобрување на плодноста, особено кај мажите.

Цинк: Истражувањата покажуваат дека земањето цинк може да го подобри нивото на тестостерон и бројот на сперматозоиди. Со него треба да се зема и бакар. Земајте 25 мг цинк 3 пати на ден и 3-5 мг бакар.

Бидејќи семките од тиква се богати со цинк, тие исто така можат да го подобрат квалитетот на спермата.

Ѓумбир: Според азиските истражувања, ѓумбирот го стимулира производството и подвижноста на спермата. Земајте 500 мг два пати на ден.

Луѓето со поголем вишок на килограми имаат проблеми со квалитетот на спермата, па затоа е многу важно да го изгубат вишокот килограми и да бидат физички активни.

Мака во прав користат и мажи и жени кои сакаат да ја зголемат сексуалната енергија и плодноста.

народна медицинанеплодностприродни препарати