Проверете колку сон ви треба вам и на вашите деца во согласност со возраста

Количината на сон после која секој треба да се чувствува одморен е променлива. Некои велат дека им се доволни на пример. шест часа, други велат дека квалитетно се наспале дури кога ќе отспијат најмалку девет часа. Но, со сонот се позанимавале и експерти кои објавија дека е можно да се одреди за секој човек колку сон му треба врз основа на неговата возраст. До ова сознание дошол тим од 18 научници и истражувачи од угледни медицински здруженија во САД. Тие прегледале повеќе од 300 истражувања за тоа колку сон е идеално, а потоа гласале за тоа колку сон е потребно за различни возрасти.

Недоволното спиење или неговиот лош квалитет може да има многу сериозни последици. Многу истражувања покажале дека може да има негативно влијание врз работната способност и вниманието. Дури и ако спиете само час и половина помалку од потребното, вниманието се намалува за околу една третина во текот на денот. Прекумерната поспаност во текот на денот ја нарушува меморијата, способноста за размислување и обработка на информации и придонесува за зголемен ризик од повреди на работното место.

Количината на сон што ни е потребна во текот на ноќта во голема мера е одредена од нашата возраст. Потребите за спиење се под влијание на целокупното здравје, навиките на животниот стил и одредени нарушувања. Така, можеби ќе ни треба повеќе одмор ако во последно време сме особено активни или сме болни или поминуваме низ стресна животна ситуација, објаснил др. Гренднер.

Колку сон е потребно

Еве ги податоците што ги пренесува Time:

Новороденчиња (0-3 месеци) – 14 до 17 часа.

Бебиња (4-11 месеци) – 12 до 15 часа.

Мали деца (1-2 години) – 11 до 14 часа.

Деца од предучилишна возраст (3-5 години) – 10 до 13 часа.

Деца на училишна возраст (6-13 години) – 9 до 11 часа.

Тинејџери (14-17 години) – 8 до 10 часа.

Помлади возрасни (18-25 години) – 7 до 9 часа.

Возрасни (26-64 години) – 7 до 9 часа.

Постари (над 65 години) – 7 до 8 часа.

Дали се согласувате со часовите за спиење определени за вашата возрасна група?

Инаку, премалку, но и премногу сон се нездрави однесувања кои можат да доведат до различни последици, вклучително и зголемување на телесната тежина.

возрастсонспиење