Прв сладолед: Кога детето може да го јаде омилениот летен десерт?

„Сладоледот е неизбежен дел од летната исхрана, па затоа често се поставува прашањето кога може да им се даде и на оние најмалите. Иако, нема точна препорака, поради поголемата содржина на шеќер и температурата на производот, не е препорачливо да му се дава на дете пред да наполни една година, па дури и нешто подоцна“, објаснува нутриционистката Тена Нисетео.

Во првата година, исхраната треба да се базира на природна храна и да се избегнуваат индустриска храна, како што се слатки и грицки.

„Индустриските сладоледи содржат адитиви и шеќери, но затоа домашниот сладолед може да се понуди веќе од навршена една година бидејќи комбинацијата од овошје и млеко или јогурт може да биде добар меѓуоброк“, објаснува нутриционистката.

Постарите деца можат слободно да го консумираат бидејќи може да биде добар млечен оброк. На крајот на краиштата, тоа е млечен производ, или поточно многу хранлив десерт, а нутритивно секогаш е добро да се збогати со парчиња свежо овошје (боровинки, кајсии, праски, јагоди итн.).

Важно е да се напомене дека во лето, храната се расипува многу побрзо и полесно, затоа е добро да се следат едноставни упатства: секогаш внимателно проверувајте ја намирницата, купувајте помали количини лесно расиплива храна, складирајте ја правилно и подготвувајте ја непосредно пред хранење.

Имаме и два рецепти за домашен сладолед погодни и за возрасни и за деца, од навршена една година живот. Рецептите може да ги најдете на нашиот портал „Арт кујна“.

рецепти за домашен сладоледсладолед