Првпат забременила на 48, вторпат на 49 години (ВИДЕО)

По 40-тата, некои жени влегуваат во предменопауза. Меѓу нив е и Ем, која и покрај оваа фаза, двапати останала бремена. Таа споделува клипови од нејзиниот живот на ТикТок и покажува како се справува со две бебиња.

Првиот пат забременила на 48 години, вториот пат на 49. Иако тоа било шок за неа, таа се смета себеси за блажена.

„Бремена на 48 и 49 години. Не сум луда. Само екстремно благословена. И уморна! Навистина, навистина сум уморна”, вели Ем.

Таа тврди дека минувала низ менопауза кога ја родила втората ќерка. Денес има 51 година и две бебиња.

„Раѓањето во менопауза е најдоброто нешто што ми се случило. Чуда навистина се случуваат“, вели таа во едно видео.
Нејзината приказна инспирираше многу жени да ги споделат своите размислувања за доцното мајчинство.

„Имам 43 години и би сакала повторно да се омажам и да имам уште едно бебе. Ова е знак дека тоа е можно. Среќно”, напишала една жена.

„Мајка ми ме роди на 50. Бев најсреќното дете во семејството“, додала друга.

„И јас имам 51 година, а моите бебиња пораснаа. Ми недостигаат тие денови кога беа мали, времето лета. Навистина си благословена”, вели трета.

бременостмајчинствоменопауза